Голем потенцијален скандал кој што го обелодени градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска ја потресе јавноста во Карбинци.
Станува збор за потрошено поголемо количество гориво-нафта чија што набавка ја имаат потпишано претходното раководство во општина Карбинци од редовите на СДСМ. Вкупно 632,5 литри нафта биле фактурирани за градежна машина Багер кој што има максимален капацитет од 140 литри на својот резервоар, кои што биле потрошени за време на викенд, информира во јавноста актуелниот градоначалник Виктор Паунов.
Тој во јавноста запраша дали можеби станува збор за злоупотреба на службена должност?
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов:
“Почитувана јавност
На денешната седница на совет на општина Карбинци обелоденивме скандал за работењето на претходната власт на кој никој од сдсм нема одговор!
Во период на избори од општина Карбинци неконтролирано се трошело гориво за службените возила на општината.
Имено, ќе дадам само еден пример:
632,5 литри нафта за време на викенд во неработни денови каде е фактурирано на возилото ,,Багер” кое има максимален капацитет од 140л. а потпишано од директорот и поранешниот градоначалник.
Многу нелогичности се во прашање. Дали овде има очигледна злоупотреба? Како може едно возило за помалку од 24ч. да потроши речиси 1 тон нафта?
Како се трошело народни пари и за какви цели пресудете сами, а одговорноста наскоро и ќе ја има!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин