БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали има корупција во назначувањето за амбасадор на човекот кој додели стипендија на ќерката на Министерот за надворешни работи?

Пренеси го гласот

Мишо Докмановиќ, професор на Правниот факултет, на вчерашната владина седница бил предложен за амбасадор во Тел Авив од страна на Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Истиот овoј професор Докмановиќ на 4-ти август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.

Невообичаено за администрација, комисијата која одлучувала се состанала веднаш, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да ѝ биде доделена државна стипендија во висина од 40.000€ за секоја година од студиите во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

Со одлуката за доделување на споменатата стипендија Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист. Затоа постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да и’ го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив.

Дали и кога надлежните антикорупционери ќе постапуваат по ваквите наводи, останува да почекаме да видиме

Креирано од:


Пренеси го гласот