Практикување на методи на т.н. квази демократија со двојни стандарди и разгорување на идеолошки поделби и конфронтации на граѓаните е еден од основните патокази за спроведување на фашистичко едноумие. Особено кога глорификацијата на фашизмот се прави преку афирмација на докажани фашистички колаборационисти ситуацијата станува алармантна и е потребно високо ниво на капацитет кај институциите но и високо ниво на граѓански капацитет кај граѓаните за да се соочи државата и општеството со ваков алармантен предизвик.
Токму ваквата ситуација на поделби на граѓаните и поларизација на општеството им одговара на владеачките СДСМ и ДУИ кои што од позиција на моќ и влијание во државата можат да влијаат на процесите во полза за опстојување на владата иако Македонија тоне во сиромаштија, неправда, корупција, грабање на јавните ресурси и масовно отселување на граѓаните во странство….
Палењето на влезот на културниот центар “”Ванчо Михајлов” во Битола беше пречекано од страна на соседните власти во Бугарија како чин на непријателство ,без притоа да истакнат во јавност дека станува збор за име на клуб на фашистички колаборационист во Втората Светска војна.
Токму во тој контекст денеска триумфалистички Оливер Спасовски следен од неговата партиска медиумска болумента соопштија во јавност дека бил уапсен “пироман” кој го признал делото, по што следуваше лавина од реакции на социјалните мрежи на очигледна поделба во однос на ситуацијата.
За ваквата состојба свој личен коментар во јавноста упати Проф. Виолета Ачкоска која точно ја дефинира состојбата во која живее Македонија под власта на СДСМ и ДУИ.

“Ламбе Алабаковски го прогласија за пироман, уставобранителите од 27 април за терористи, љубовта кон Македонија за говор на омраза, лагите, клеветите, дезинформации и девалвирањето на патриотите за напредок на демократијата, социјалната беда за ЖИВОТ, кршењето на законите и Уставот за европски вредности. Си ја сакам нормалноста назад, си ја сакам Македонија со име, идентитет, историја, со човекување и достоинство. Вечна!”
-соошпти Проф. Виолета Ачкоска во врска со целата ситуација.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип