Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатија јавна реакција во која што алармираат во јавноста дека општина Делчево под раководство на градоначалникот Горан Трајковски одбегнува да кажат дека Гоце Делчев бил МАКЕДОНСКИ револуционер. Имено станува збор за јавната покана за одбележување на 4 Февруари- Денот на раѓањето на апостолот на Македонското револуционерно движење- Гоце Делчев, упатена преку службениот веб сајт на општина Делчево во која што очигледно се избегнува спомнувањето дека Гоце Делчев бил Македонски револуционер.
Во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат делчевскиот градоначалник дали ваквата состојба е инструментализирана од страна на СДСМ.
Ваквата ситуација ја отсликува состојбата во која официјални државни институции во Македонија финансирани со парите од Македонските даночни обврзници се обидуваат да создадат лажна перцепција во јавноста со премолчување на историска вистина со цел најверојатно да се допаднат на центри кои што го негираат Македонскиот идентитет содржан во ликот и делото на Гоце Делчев кој се борел за Македонска независна држава.
Дополнително ваквиот обид за “шминка” со премолчување на вистинската природа на ликот и делото на Гоце Делчев од страна на општина Делчево во најмала рака е скандалозно затоа што доаѓа од институција која го носи неговото име.
“Каков срам за Општина Делчево
Градоначалникот Трајковски и Општина Делчево несмеат и несакаат да кажат дека Гоце Делчев е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР!
Имено, градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски исто како и неговите сопартијци од СДСМ одбегнува да каже дека македонскиот великан Гоце Делчев е македонски револуционер, ставајки ги бугарските пред македонските национални интереси
Како што може и да се забележи од ПОКАНАТА која ја упатува до институциите и граѓаните по повод раѓањето на Гоце Делчев на неколку места одбегнува да каже дека Гоце Делчев е МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР.”
-стои во реакцијата на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
Целата реакција може да се прочита на фејсбук страната на опозициската ВМРО ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Во тек е конкурс за доделување на 2 стипендии за спортисти- спортска надеж на Кочани
Изложба на делата од Лесновската ликовна колонија 2022 во Македонска Каменица
Дали колабира здравството во Делчево?