БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дебатата на МТВ меѓу тројцата кандидати за претседател со аргументи на страната на Проф. Сиљановска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Моќта на аргументите во една дебата не секогаш можат да се соослуша во нејзиното вистинско светло.

Тоа не беше така во случајот со вечерашната дебата која се емитуваше на програмата на Македонската телевизија. Имено моќта на аргументите и одмереноста во односот беа целосно на страната на Професорката Гордана Сиљановска која остана горда и достоинствена цело време пренесувајќи ги пораките за она што та ќе се залага како Претседател на Република Македонија.

Во право е господинот Робер Хајзл кога вели дека сите држави имаат мафии ама на Балканот мафиите имаат држави, кронизам, плутократија, клиентелизам. Кај нас цели фамилии поседуваат свој град. Јас кога ја употребувам бројката 60 милиони вистински инвестиции, не зборувам напамет. Се консултирав со луѓе од Стопанската комора и Стопанските комори, тие велат дека останатите се реинвестирана добивка,

-потенцираше Силјановска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За крај таа побара од Пендаровски да му наброи некои странски капитални инвестиции во Македонија.

Ако е така грандиозно нивото на инвестиции, може ли да ми посочите некои капитални инвестиции. Тоа се огромни суми и веројатно се очигледни,

-запраша таа.

На што Пендаровски немаше одговор, а во салата каде се одвиваше дебатата завладеа непријатна тишина.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace