БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија од 25.01.1991 година

Пренеси го гласот

Во ден петок на 25.01.1991 година Собранието на Социјалистичка Република Македонија ја усвои Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.

Едногласно, со 120 гласа ЗА и со целосен консензус на сите тогаш постојни 17 политички партии во државата се донесе овој правен документ кој го детерминираше развојот на настани за Македонскиот народ за наредниот период кој следуваше.

Донесена под силен Меѓународно- правен мониторинг, Декларацијата беше политички израз на несомнената волја на македонскиот народ да го практикува неоспорното, неотуѓивото и непотрошливото (трајно) право на самоопределување, гарантирано со апсолутно задолжителни ius cogens норми содржани во универзални (значи на ООН) инструменти за заштита на човековите права, согласно, член 1 од Пактот за граѓанските и за политичките права и член 1 од Пактот за економските, за социјалните и за културните права од 1966 година.

Во Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Собранието на СР Македонија во 1991 година во членот 1 стои:

Со оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување.

Текстот на целата Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија погледнете го во продолжение во графичкиот приказ на истиот, превземен од веб сајтот на www.sobranie.mk:

Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија стои поставена во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, да сведочи за сите идни генерации како важен историски документ од Македонската историја.

Креирано од:


Пренеси го гласот