Во врска со прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани на која беа обвинети структури во МВР за пресметка со раководител на локална институција именуван од страна на градоначалникот Љупчо Папазов, од МВР упатија ДЕМАНТ за изнесените обвинувања во јавност.
Во текстот на Демантот лицата кои го пишувале покрај полициската улога на себе си ја придодале и обвинителската и судската улога на тој начин што изнесуваат тези и заклучоци во јавноста со кои ги мешаат ингеренциите кои ги имаат за да информираат во јавност.
Имено во демантот кој го упати СВР Штип- ОВР Кочани доследно стои:
“Имено, пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор. Пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина. Но, пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист.”
-со тоа МВР изнесува ообвинувања што е улога на обвинителството и донесува заклучоци како судија со правно-последични дејствија кои што не се утврдени од страна на надлежен суд.
Ваквото мешање на ингеренциите на јавна сцена од страна на МВР внесува дополнително хаос и во така руинираниот судско-обвинителски систем со 8% доверба од страна на граѓаните, што е практика која треба да се надмине.
Дали засегнатото лице ВД директор на Средното општинско училиште “Гошо Викантиев” ќе бара одговорност за клевета за изнесените тези од страна на МВР во јавност преку ваквиот демант, останува да видиме во наредниот период.
Во продолжение во целост го пренесуваме интегрално текстот на демантот на СВР Штип ОВР Кочани упатен до јавноста преку локален интернет портал во Кочани:
“СВР Штип- ОВР Кочани најостро ги демантира лагите изнесени на прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и ја известува јавноста дека при поднесувањето на кривичната пријава против директор на училиште е постапено во координација со надлежен јавен обвинител и со судија од Основен суд Кочани, при што е испочитувана целата законска процедура.
Затоа, апелираме да престане ширењето на лаги со цел да се попречи правдата.
Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани преземени се сите потребни мерки и активности во врска со овој случај и на 18.10.2022, согласно член 49 од Правилникот за вршење на полициските работи извршен е увид во документацијата и евиденциите на СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани, по што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка од ОС Кочани, одземена е документација и по целосно документирање на предметот, на 24.11.2022 година до ОЈО Кочани е поднесена кривична пријава против С.З. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Имено, пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор. Пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина. Но, пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист.
СВР Штип- ОВР Кочани“
-стои во демантот на МВР објавен преку локален интернет портал во Кочани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани