• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Portfolio
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

мај 27th, 2018 Регион, Што да се прави? коментари 944

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
loading...

ПРАЗНУВАЊЕ ВО СЕЛО ГРАД (ДЕЛЧЕВСКО): СВЕТОВЕН СОБОР НА СЕЛОТО

Духовден во село Град се празнува од памтивек како Собир на селото. На овој ден домовите на сите житњли на селото се отворени за прием на сите добронамерни гости. На времето секоја куќа редовно правела курбан (јагне или јаре) со што на некој начин се дарувала жртва од самото семејство.

Редовно на самиот ден во селото се организира турнир во мал фудбал на повеќенаменското игралиште кај училишната зграда на подрачното училиште во селото.

И оваа година овој спортски настан ќе биде убава прилика за дружење, спортување и натпревањеување на фудбалските екипи од речиси сите генерации и сите населени места во општината.

ЗА ПРАЗНИКОТ: СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА (ДУХОВДЕН)

Пред да се вознесе на Небесата, Христос им даде заповед на Своите ученици да се вратат по Неговото вознесение во Ерусалим и да останат даму додека не се облечат со сила од Небото. Така, значи, им го даде ветувањето дека ќе Го примат Светиот Дух, за Кого зборуваше за време на Својот живот. Ова Христово ветување се оствари кај учениците педесет дена по Пасха и десет дена по Неговото вознесение на Небесата. Така, во Црквата го празнуваме празникот Педесетница, кога ја чествуваме Светата Троица, а следниот ден Го прославуваме и славословиме Светиот Дух. Значи, празникот Педесетница е празник на Светата Троица. Нема детално да се осврнеме на Третата личност на Светата Троица, т.е. на Светиот Дух, туку ќе ги нагласиме само оние факти и оние учења на Светото Писмо и на светите отци кои се однесуваат на Христа. Следствено, повеќе ќе ги нагласиме христолошките факти во однос на Светиот Дух.

Бидејќи христологијата е незамислива надвор од тријадологијата, затоа ќе се осврнеме и на догмата за тајната на Света Троица. Во редот Додекаеортион (дванаесетпразничие), термин употребуван од Црквата, е содржан и празникот Педесетница, затоа што е последниот празник од Божјиот домострој. Христовото вочовечување за цел ја имаше победата над смртта и доаѓањето на Пресветиот Дух во срцето на луѓето. Впрочем, познато е дека цел на црковниот и духовниот живот е да станеме членови на телото Христово и да Го примиме Светиот Дух. Овие две нешта се меѓусебно нераскинливо поврзани. Свештениот химнограф ја нарекува Педесетницата последен празник од аспект на повторното создавање и обновувањето на човекот.

Така, ако Благовештението на Пресветата Богородица е почетокот на воплотувањето на Логосот и на Божјиот домострој, тогаш Педесетницата е крајот, бидејќи тогаш, преку Светиот Дух, човекот станува член на воскреснатото тело Христово. Во оваа рамка можеме да ја сместиме и Педесетницата, а ,исто така, и она што е во врска со Светиот Дух и со Христа, бидејќи не може да се замисли христологијата надвор од пневматологијата, ниту пневматологијата надвор од христологијата. Слегувањето на Светиот Дух се случило во недела. И од ова се гледа значењето на неделата, бидејќи во тој ден се случиле големите Господови настани. Според светиот Никодим Светогорец, во првиот ден, т.е. во недела, започна создавањето на тварта, бидејќи тогаш беше создадена светлината, во недела започна обновувањето на тварта со Христовото воскресение, и во недела се случи восовршувањето на тварта со слегувањето на Светиот Дух.

Создавањето на тварта се случи од Отецот, со содејство на Синот и на Светиот Дух, обновувањето се случи од Синот, со благоволение на Отецот и со содејство на Светиот Дух, а восовршувањето на тварта се случи од Светиот Дух, Кој исходи од Отецот и се испраќа преку Синот. Секако, кажувајќи го ова им придаваме значение на Личностите кои биле претстојатели во создавањето, обновувањето и во восовршувањето на тварта, но, како што сме научени и како што веруваме, заедничко е дејството на Троичниот Бога и никогаш не може да се оддели и да се изолира една Личност од другите Личности на Светата Троица. Христијанската Педесетница, во која го празнуваме слегувањето на Светиот Дух, совпаѓа со јудејската Педесетница. Значи, во денот кога Јудејците ја празнувале Педесетницата, слезе Светиот Дух врз апостолите и ги направи членови на воскреснатото тело Христово. По Пасха, Педесетницата е втор по важност празник на Јудејците и, според преданието, го празнувале предавањето на Божјиот закон на Мојсеја. Значи, четириесет дена од првиот празник на Пасхата, Мојсеј се искачил на Синајската Гора и го примил Божјиот закон.

Меѓутоа, јудејската Педесетница истовремено била и израз на благодарноста на Јудејците поради собирањето на плодовите. Бидеј ќи совпаѓал со периодот на жетвата, бил наречен празник на жетвата и Јудејците во Храмот ги принесувале првините од плодовите. Празникот Педесетница, кој Јудејците многу блескаво го празнувале, се нарекувал празник на седмиците (види 2 Мојс. 34, 22; 3 Мојс. 24, 15, 16, 17; 4 Мојс. 28, 26, 31; 5 Мојс. 16, 9 – 10). Краткиот осврт на јудејската Педесетница покажува дека таа била образ на новозаветната Педесетница. Ако Мојсеј го примил Старозаветниот закон, тогаш во денот на христијанската Педесетница учениците Го примиле Светиот Дух и така го доживеале Новозаветниот закон, односно законот на Божјата благодат. Ако во Стариот завет невоплотениот Логос го дал Законот на Синај, тогаш во Новиот завет, Воскреснатиот воплотен Логос им Го испратил Светиот Дух на учениците, кои се наоѓале во горната соба, и тие станале членови на Неговото прославено тело.

Ако на Педесетница во Стариот завет ги принесувале првините од плодовите на жетвата, тогаш на Педесетница во Новиот завет биле принесени првините на словесните плодови од жетвата што ја направил Самиот Христос, т.е. Му биле принесени апостолите на Бога. Секако, постои јасна разлика помеѓу Божјото откровение на Синај и Божјото откровение во горната соба во Ерусалим. Синајската Гора целата беше во дим, затоа што Господ беше слегол над неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка, и се уплаши сиот народ (2 Мојс. 19, 18). Беше дадена заповед никој да не се доближува кон Гората, затоа што ќе умре: Секој кој ќе се допре до Гората, ќе биде предаден на смрт (2 Мојс. 19, 12). Меѓутоа, не се случило истото на денот на слегувањето на Светиот Дух во горната соба. Учениците се исполниле со радост и се преобразиле, и од плашливи, станале неустрашливи, а од смртни луѓе, станале богови по благодат. Разликата помеѓу Синај и горната соба во Ерусалим се гледа во разликата помеѓу Старозаветниот и Новозаветниот закон.

Тогаш беше даден Законот на камени плочки, а сега истиот се запишува во срцата на апостолите. Апостолот Павле вели: вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесните плочки на срцето (2 Кор. 3, 3). Со слегувањето на Светиот Дух се исполни пророштвото на пророкот Еремија, како што го опишува апостолот Павле: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ (Евр. 8, 10).

Related

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Христијан Мицкоски со свое видео обраќање на фејсбук пред стружани
Следна објава Пониква- еликсир за белите дробови
Може да Ве интересира:
На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци
Институции

На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци

мај 18th, 2022 48
Општина Македонска Каменица разгледува опции за модернизирање и заштеда на трошоци за улично осветлување
Институции

Општина Македонска Каменица разгледува опции за модернизирање и заштеда на трошоци за улично осветлување

мај 18th, 2022 48
Јорданчо Костадинов го презеде кормилото на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево
Регион

Јорданчо Костадинов го презеде кормилото на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево

мај 18th, 2022 660
Градоначалникот и заменик градоначалникот на Крањ во посета на Кочани
Институции

Градоначалникот и заменик градоначалникот на Крањ во посета на Кочани

мај 18th, 2022 88
Развојот на Македонска Каменица подразбира и зголемување на бројот на паркинг места во општината
Институции

Развојот на Македонска Каменица подразбира и зголемување на бројот на паркинг места во општината

мај 16th, 2022 54
ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација
Граѓани

ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација

мај 16th, 2022 66
Градоначалникот Папазов денешниот празник го празнуваше со жителите на село Оризари
Граѓани

Градоначалникот Папазов денешниот празник го празнуваше со жителите на село Оризари

мај 15th, 2022 111
Крводарителска акција во Чешиново-Облешево
Граѓани

Крводарителска акција во Чешиново-Облешево

мај 14th, 2022 158
Борба за решaвање на "малите" проблеми за подобрување на стандардот на штипјани
Институции

Борба за решaвање на "малите" проблеми за подобрување на стандардот на штипјани

мај 14th, 2022 87
Facebook Comments

зголемете го приходот од вашиот веб сајт

Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

494
Click Here To Join Native Media
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1243
Најнови објави
Мај 18th 1:57 PM
Македонија

Таљат Џафери “попи” пријава за повреда на етичкиот кодекс на Собранието

Мај 18th 1:08 PM
Колумна

Планот на САД за борба против Русија

Мај 18th 12:50 PM
Македонија

Цветан Трипуновски: Откако го искешира Зоран Заев со 1.4 мил евра, во јавноста се јави Љупчо Николовски

Мај 18th 12:45 PM
Македонија

Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата

Мај 18th 12:22 PM
Регион

На 23 мај во Кочанско – ларвициден и третман од земја за заштита од комарци

Мај 18th 12:14 PM
Македонија

Најава за протест на професионалните војници: Шатори и вреќи за спиење ќе никнат пред Владата

Мај 18th 12:11 PM
Македонија

И по 5 години од лагите на актуелната власт клинички центар во Штип НЕМА!

Мај 18th 12:04 PM
Македонија

Бачовски: Исплатени над 15 милиони денари преку Програмата за спроведување на интервентен фонд

Мај 18th 10:56 AM
Матна Брегалница

Што пијалок пие Министерот за земјоделие Љупчо Николовски?

Мај 18th 10:45 AM
Регион

Општина Македонска Каменица разгледува опции за модернизирање и заштеда на трошоци за улично осветлување

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Јорданчо Костадинов го презеде кормилото на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево
Регион

Јорданчо Костадинов го презеде кормилото на ВМРО-ДПМНЕ во Чешиново-Облешево

Мај 18th, 2022 660
Вордингот на Таљат Џафери во собрание: "Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези"
Македонија

Вордингот на Таљат Џафери во собрание: "Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези"

Мај 13th, 2022517
Полицајци учествувале во кражба на бакар од трафостаница, алармира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Полицајци учествувале во кражба на бакар од трафостаница, алармира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Мај 14th, 2022409
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020286
Проф. Д-р Игор Јанев: Во ООН, за нас зборот "Македонија" е суспендиран
Колумна

Проф. Д-р Игор Јанев: Во ООН, за нас зборот "Македонија" е суспендиран

Мај 14th, 2022278
Архива на статии
  • Колумна
  • Градоначалник
  • Штип
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Локални избори
  • проекти за граѓаните
  • Гоце Марков
  • Кочани
  • 2021
  • СДСМ
  • Општина Лозово
  • Бошко Цветковски
  • Свети Николе
  • Љупчо Папазов
  • Карбинци
  • Македонска Каменица
  • инфраструктура
  • став
  • соработка
  • Дејан Владев
  • Виктор Паунов
  • Иван Јорданов
  • Дарко Тодоровски
  • Виница
  • Миле Петков
  • образование
  • Украина
  • Зоран Заев
  • Христијан Мицкоски
  • војна
  • Русија
  • Совет
  • Пехчево
  • Поезија
  • граѓани
  • Историја
  • Димче Атанасовски
  • Делчево
  • Честитка
  • Бугарија
  • МВР
  • проекти
  • Пробиштип
  • Берово
  • Велигден
  • протест
  • култура
  • СЈО
  • собрание
  • ЗДРАВСТВО

Почитувани,
во последните повеќе години источниот дел на Република Македонија се соочува со едноумие и анемичност во информативниот простор, предодреден првенствено од лошите економски услови за опстојување на информативните гласила на овој простор.
Брегалничкиот регион на Република Македонија има со што да се пофали и афирмира пред остатокот од државата, но и во меѓународни рамки.
Исто така потиштени од огромниот број на проблеми со кои се соочува народот во овој регион, за кои што проблеми многу малку се говори и информира во јавноста изворно од теренот гледаме дека сосатојбите не се менуваат на подобро.
Затоа решивме да смогнеме минимални сили за да започнеме со овој проект наречен едноставно БРЕГАЛНИЧКИ.
Портал кој првично извира од народот и за народот…
Колку ќе успееме да ја заслужиме Вашата читателска доверба, оставаме Вие самите да изградите сопствена перцепција.

Вести од источна МакедонијаПростор за ваша промоција. Контакт: bregalnicki@gmail.com
Наш Instagram дом

bregalnicki

Информација за нормални луѓе

bregalnicki
Ја сузбиваме конкуренцијат Ја сузбиваме конкуренцијата😎😅😂
Ова е тоа зошто светски мешетари сакаат да се заборави историјата,  колективната свест и знаење втемелено во кодот на Македонскиот идентитет.
Од народните мотиви на македонската традиционална носија до саркофазите на египетските???? фараони....
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!
Ова е најубавата млекарница во светот според книгата на Гинисови рекорди од 1998 година.
Млекарницата Фунд се наоѓа во Дрезден. Основана е во 1891 година и украсена во стилот на неоренесансната  ера.
Објектот некако ги преживеал бомбардирањата во Втората Светска Војна. Во 1972 објектот бил национализиран од државата а во 1978 година бил затворен. Неговата дрјност била возобновена во 90 тите години од минатиот век а денес таму може да се ужива во мноштво вкусови на различни млечни производи
R.I.P. NEAL ADAMS | 1942 - 2022 На 28 април R.I.P. NEAL ADAMS | 1942 - 2022
На 28 април почина стрип артистот и креатор на многу стрип приказни пренесени преку графички визуелизации Нил Адамс.
Тој бил еден од основачите на графичкото студио за дизајн Continuity Associates, и поборник - адвокат за заштита на авторските права на стрип артистите. Тој бил еден од тимот активисти кои овозможиле Џери Сигел и Џо Шустер-креаторите на ликот на Супермен да добијат државна пензија и признание од државата за нивниот придонес во развојот на поп културата воопшто.
Бели дробови... на човекот и Бели дробови... на човекот и на планетата...
Во Истамбул, Турција  направиле статуа на мачката -скитник Томбили на местото каде што често седела и ги посматрала минувачите пред да угине.
Едно општество за сите Едно општество за сите
Врвот на Големата пирамида Врвот на Големата пирамида во Гиза, Египет.
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.