Енормно високи температури измерени во 13 часот во градовите низ Македонија, а од утре не чекаат потешки денови.
Максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9.
Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза.
Ова се моменталните температури низ Македонија.
Според евиденцијата на УХМР, највисоката температура за август во периодот од 1951 до 2018 година е измерена, исто така во Демир Капија 44,5 степени.
Во август во Гевгелија максималната измерена температура е 43,8 степени, во Штип 41,7, во Скопје 41, Струмица 40,5 степени, Прилеп 39,4, Битола 39, Крива Паланка 38,2, Охрид, 36,7, Берово 36, маврово 35,1 и Лазарополе 34,1 степен Целзиусов.
Метеролозоите за наредните денови најавија тополотен бран со температури до 41 степен. Од денеска е активирана жолта, а од утре портокалова алертна фаза.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти