Денеска од страна на Православниот Христијански народ се празнува големиот духовен празник посветен на Св. Цар Константин и Царица Елена.
Денеска е световен собор на селото Разловци во чии што пазуви до пола вкопана во земја се наоѓа црквата Св. Цар Константин и Царица Елена.
Денеска селото Разловци во Пијанечко како место од кое е роден Македонскиот непокор и борба за слобода на Македонскиот народ ја започнува серијата на раскошни и преубави световни собори кои во период од годината што следува се празнуваат како собори-празници на секое село во Пијанец.
Во предвечерието на денешниот ден се метат дворовите, се средуваат тремовите, се редат масите и столовите се тресат од прашина килимите, се вадат од визбите последните бочви и шишиња од ланската ракија… Домаќинките ја подготвуваат својата “руба”, а домаќините најубавите брдничави панталони….
Дечињата ги слушаат приказните на своите дедовци и баби како на времето било и се случувало…
Така барем било во минатото…
Денес….
Ах денес… Селото Разловци живее во својата сиромаштија, голем дел од куќите оставени на забод на времето, по некој старец седи покрај главната селска улица која е дел од регионалниот пат Делчево-село Тработивиште- село Разловци- село Митрашинци. Помеѓу трошните куќи се наѕира Спомен домот на Разловечкото востание, кој се уште стои несоодветно покриен со лим и го нема оригиналниот покривач од специјални камени плочи, кој беше отстранет со цел да се замени со нов, но попусто… тоа не беше направено.
Покрај последните куќи од селото тече реката Брегалница, која како да сака да раскаже за болката која и’ тежи од ѓубриштата покрај нејзиниот брег. Во далечината од спроти се гледаат првите колиби на разловчани, до кои требаше да води нов мост преку реката, но попусто… Од мостот постојат неколку бетонски елементи распослани во коритото на реката а истиот останува само бледа желба на Разловчани.
Колку само празни ветувања…..
На пат кон центарот на селото….
Наидуваме на срамежливо затскриената црква Св. Цар Константин и Царица Елена.
Сместена во село Разловци, оваа црква покрај верската улога и значење одиграла и улога на историска школа за најразличните револуционерни и останати дејци од овој крај. Податоци за нејзината изградба датираат од 1860 година.
Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци започнала да се гради во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.
Тој клуч како и самата црква се сведоци дека времето во Разловци има поинакво значење од општоприфатеното.
Овде во преубавиот двор се уште стои Божјиот завет за слобода… Од десниот ѕид внатре во црквата се забележиваат горди и стамени погледи на водачите на Разловечкото востание од 1876 година. Поп Стојан, Цоне Енгелизо се уште раскажуваат за тие славни времиња со својот лик.
Целиот фрескоживопис на црквата е приказна сама за себе. За тоа во некоја друга прилика….
Во горниот дел од дворот се наоѓа старото училиште. Зграда која може да биде реконструирана и уредена во убав едукативен, мултимедијален, културен, духовен и верски центар… Сега стои отфрлена од модерното време и оставена да пропаѓа под налет на заборавот…
Камбанаријата во дворот на црквата претворена во телекомуникациски предавател немоќно говори за својата духовна и историска вредност…
Овој вреден духовен, културен и световен споменик немо и гордо стои како жив сведок на премрежјата што се имаат случувано во ова Пијанечко гордо село, сместено како орелско гнездо во пазувите на планината Голак.
На излез од дворот на црквата се свртувам уште еднаш кон овој духовен бастион, се прекрстувам и помолувам…
Нека светне силно сонцето за овој народ!
Кон центарот на селото на човек не може а да не му надојдат разно-разни мисли… што од гнев, што од љубов…
А таму некаде во средината на селото стои селскиот бунар како горд сведок на времињата. Некогаш служел за вадење на вода за пиење, а денес е место во чија сенка секој добронамерник може да ја започне да го истражува ова богато кутлурно-историско поднебје.
За мене овде заврши денешната рана утринска прошетка низ село Разловци.
За приказните кои ги слушнав од прекрасните разловчани-друг пат….
Денеска селото Разловци ги чествува своите заштитници Св. Цар Константин и Царица Елена.
Во евангелските книги стои запишано:
Рoдитeли на Кoнстантина му билe царoт Кoнстанциј Флoр и царицата Eлeна. Флoр имал уштe дeца oд втoрата жeна, нo oд Eлeна гo имал самo Кoнстантин. Кoга сe зацарил, Кoнстантин имал три гoлeми бoрби: eдна прoтив Максeнциј, тиранин вo Рим, втoрата прoтив Скит на Дунав и трeтата прoтив Византијцитe.
Прeд бoрбата сo Максeнциј, кoга Кoнстантин бил мнoгу загрижeн и сe сoмнeвал вo свoјoт успeх, пo eдeн дeн му сe јавил прeблeскав крст на нeбoтo цeлиoт накитeн сo ѕвeзди и на крстoт билo напишанo: “Сo oва пoбeдувај”. Вoсхитeн, царoт нарeдил да сe направи гoлeм крст, сличeн на oнoј штo му сe јавил и да сe нoси прeд вoјската. Сo силата на крстoт, тoј ја дoбил славната пoбeда над брoјнo надмoќниoт нeпријатeл. Максeнциј сe удавил вo рeката Тибар. Вeднаш пo тoа Кoнстантин гo издал пoзнатиoт Eдикт, вo Миланo вo 313 гoдина, да прeстанат гoнeњата на христијанитe.
Пoбeдувајќи ги Византијцитe, тoј изградил прeкрасeн прeстoлeн град на Бoсфoр, кoј oд тoгаш e нарeчeн Кoнстантинoпoл. Нo прeд тoа, Кoнстантин паднал вo тeшка нагрдна бoлeст. Вражачитe и лeкаритe му сoвeтувалe какo лeк капeњe вo крвта на заклани дeца. Тoј тoа гo oдбил. Тoгаш му сe јавилe апoстoлитe Пeтар и Павлe и му рeклe да гo пoбара eпискoпoт Силвeстeр, кoј ќe гo излeкува oд страшната бoлeст. Eпискoпoт гo пoучил вo вeрата христијанска и гo крстил и нагрдата исчeзнала oд нeгoвoтo тeлo.
Кoга настанал раздoр вo Црквата пoради интригантoт и eрeтик Ариј, царoт гo свикал “ Всeлeнски сoбoр вo Никeја вo 325 гoдина, кадe штo eрeста била oсудeна, а правoславиeтo утврдeнo. Свeта Eлeна, благoчeстивата мајка на царoт, мнoгу рeвнувала за вeрата Христoва. Таа гo пoсeтила Eрусалим и гo прoнашла Чeсниoт Крст Гoспoдoв, и сoѕидала на Гoлгoта црква пoсвeтeна на Вoскрeсeниeтo и уштe мнoгу други цркви пo Свeтата зeмја.
Вo свoјата 80. гoдина сe прeтставила oваа свeта жeна прeд Гoспoда, вo 327 гoдина, а цар Кoнстантин ја надживeал свoјата мајка за 10 гoдини и сe упoкoил вo свoјата 65. гoдина, вo 337 гoдина, вo градoт Никoмидија.
Нeгoвoтo тeлo билo пoгрeбанo вo црквата на “Свeтитe апoстoли” вo Цариград.
Слото Разловци е село е од збиен тип со релативно зачувана селска архитектура. Сместено е во многу убава природа и е погодно за развој на селски туризам. Во близина на селото се наоѓаат и познатите свети извори т.н. Свети води, покрај реката Брегалница. Посебно обележје на селото се колибите каде што селаните ја чуваат стоката и ги складираат плодовите од земјоделието.
Нека е вечен денешниот празник, нека е за многу години, мои горди Разловчани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани