БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на големиот Македонски револуционер Васил Чакаларов

Пренеси го гласот

На денешен ден 22 февруари во 1874 година во селото Смрдеж- Костурско, Егејска Македонија е роден Васил Чакаларов- еден од најзначајните револуционери на ВМРО и една од од наjголемите легенди на Илинденската епопеја. Роден во сиромашно Македонско семејство, уште од млади детски години манифестирал непокор и борбен дух- карактеристики кои ги наследил од неговата мајка.

Тој е еден од најзначајните јунаци на Илинденското востание кој што учествувал во организацијата и битките во текот на востанието. Чакаларов е синоним за непокорот, борбениот дух и страв и трепет за грчките андартски чети и властите во Атина. Чакаларов во лицето на властите бил страшен непријател на грцизмот и елинизмот кој што како пропаганда надоаѓал од грчката монархија на територијата на Костурскиот реон и уште по на север останати делови од Македонија.

Чакаларов како еден од наjзнаменитите деjци на ВМРО бил близок соработник и приjател на Гоце Делчев, соборец на Даме Груев итн. Учествувал на Смилевскиот конгрес како член на Горското началство, учествувал во сите позначаjни акции за време на Илинденското востание во Костурско и раководел со наjголемата востаничка чета, не само во Костурскиот округ, туку во цела Македониjа.

Имено, неговата чета достигнала броjност од над 2.000 востаници. Тоj бил вистински хероj на Македонското востание, бестрашен борец, напоен со револуционерен дух и оптимизам, бескомпромисен и автономен, пасиониран водач за идеите на слободна и независна Македониjа.

Непосредно со организирањето и водењето на костурското население, кое масовно зеде учество во Илинденското востание, Чакаларов се истакна и во борбата со грцизмот, што во периодот пред востанието и по задушувањето на востанието, се повеке се ширеше со единствена цел да jа заземе целата територија на Македониjа и да jа присоедини кон Грциjа, што и се случи по Балканските воjни, кога хероjски загинал легендарниот воjвода во една жестока битка на неговата чета со грчките воjници. Во останките на jуначки загинатиот воjвода, неговите соборци jа нашле четвртата тетратка од неговиот Дневник, што почнал да го пишува уште пред Илинденското востание. Овоj драгоцен Дневник, во доста оштетена состоjба, бил со голема љубов чуван од неговите соборци, кои азил нашле во Бугариjа и кои го предале на помладите патриоти.

Покраj потресните и веродостоjни сведоштва, чудесните описи за движењето и борбите на неговата чета, особено заземање на Клисура и Невеска, ,,што преставува крупна победа на востанието”, како што стои во Историjата на Македонскиот народ, книга втора, во овоj Дневник откриваме и еден голем литературен талент, особено во оние фрагменти каде што пишува на костурски диалект, што преставуваат и вистински антиципациjа на модерната македонска проза, особено на т.н.,,егеjска тематика”.

Преку овоj Дневник го откриваме и стремежот на Македонскиот народ за своjа слобода, видена со очите на еден од наjголемите македонски борци и интелектуалци од тоj бурен период на нашата национална историjа.

bregalnickimarketing

Васил Чакаларов загинал меѓу селаа Бел Камен и Невеска во месноста Лакото на 9 јули во 1913 година во Втората (меѓусојузничка) Балканска Војна.

Креирано од:


Пренеси го гласот