БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани беше промовиран проектот Зголемување на инклузивноста за млади со посебни потреби преку мултидисциплинарен пристап

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Главна цел на проектот е создавање инклузивна средина за млади со посебни потреби преку специјално приспособена програма која вклучува активности од разни области: драма, танц, уметност, јога и спорт.

Специфични цели се: развој на инклузивни програми, воспоставување транснационален инклузивен клуб; промовирање на социјална интеграција – преку заеднички активности и тимска работа меѓу средношколци и млади со посебни потреби, како и зголемување на свесноста за важноста на инклузијата – кај локалните власти, родителите, наставниците и пошироката заедница.

Во очекуваните резултати од проектот спаѓаат: креирани и имплементирани 5 модули за обука за наставници; воспоставен транснационален инклузивен клуб со 4 филијали; 16 обучени наставници како инструктори и ментори; подготвен документ за стратешко партнерство со препораки за подобрување на локалните политики…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одржливоста на проектот е планирана преку инфраструктурата, човечките и финансиските ресурси, институционалната поддршка и создавањето транснационална мрежа.
Проектот вклучува 9 партнерски организации од 4 европски земји: Македонија, Португалија, Грција и Хрватска, а трае 2 години, до крајот на 2026 година.

-Извор: Општина Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace