Девојче клекна пред бабичка која проси на уличката Кнез Михајлова во Белград – Србија, поразговараа кратко, а потоа ја прегрна. Сето ова е овековечено, од фотограф кој сличајно се нашол во вистинско време на вистинско место.
Авторот на фотографијата, Владимир Чех вчера шетал во главниот град и забележал потресна сцена. Имено, не дознал околу што девојката разговарала со бабичката, но оваа фотографија кажува многу повеќе од тоа.
Видов девојка која клечи и разговара со бабичката. Кога се прегрнаа, срцево ми се стегна. Не сакав да им пречам и да им пријдам, па само фотографирав. Инаку, бабичката е тука секој ден. Проси и заработува за животот.
– изјавил Владимир за тамошните медиуми.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните