Од Предговорот на Македонскиот дијалектен атлас во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“…
Задача на проектот Македонски дијалектен атлас е да се проучи и да се претстави актуелната македонска дијалектна реч на хоризонтален и вертикален план на сите лингвистички нивоа: фонологија, прозодија, флексија, синтакса, зборообразување, лексика, на сета македонска етничка територија, што подразбира и македонските дијалекти во Албанија, Грција (Егејска Македонија), Бугарија (Пиринска Македонија) и во областа Гора (Косово).
Како база на истражувањето се фиксирани 400-415 дијалектни пунктови (дијалектни зони), од кои 265 се во рамките на Република Македонија, 105-110 во Егејска Македонија со Долна Преспа и Тракија, 26 во Пиринска Македонија, 10 во Албанија и 2-3 во Гора.
Истражувањата се вршат на самиот терен со задолжително анкетирање според единствениот Прашалник кој соджи 3500 позиции (прашања) во кои е опфатена основната диференцијална тематика од сите области на граматиката…
Проектот Македонски дијалектен атлас е инициран на Конгресот на југословенските слависти во Загреб 1959 година од страна на Југословенскиот комитет за дијалектолошки атласи. Организатор, раководител и главен реализатор на проектот беше академик Божидар Видоески до крајот на неговиот живот во 1998 година…
Извор: Aleksandar Jordanosk


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево
Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!