Правно и политичко насилие од страна на владата на СДСМ и ДУИ се случува врз локалните институции во општина Виница.
Одкако на претходниот директор на СОУ “Ванчо Прќе” од Виница назначен во времето на претходниот градоначалник Ивица Димитров од СДСМ му завршил мандатот моментално поради судир на централната и локалната власт во Виница е создадена конфликтна ситуација на хаос во функционирањето на училиштето.
Врз основа на член 50 од Закон за локална самоуправа и член 93-в од Закон за средните училишта ингеренциите за назначување на директори на локалните институции вклучително и улилиштата ги има градоначалникот на општина Виница.


Наспроти законски дефинираните рамки за избор на ВД Директор на СОУ “Ванчо Прќе” во Виница владата на СДСМ и ДУИ преку Министерството за информатичко општество и администрација и преку Министерството за образование се обидува да наметне свој кадар за ВД Директор на ова училиште низ лавиринтите на бирократска процедура на избор и именување и жалбена постапка на инволвираните страни.
Владата користијки свои механизми за контрола и репресија ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Виница за период од 12 месеци во однос на именувањето на раководни позиции во локалните институции, со цел да го продолжи лошото владеење на локално ниво со свои кадри наспроти волјата на граѓаните на Виница искажана преку изборот на актуелниот градоначалник на Виница Миле Петков.
Со ваквиот чин владата врши директен упад во четвртото ниво на власт- локалната самоуправа, манифестирајки правно насилие врз инситуциите на локално ниво.
Со свој став во врска со оваа несакана состојба во која се негира изборот на граѓаните на својата локална власт во Виница, во јавноста се обратија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
“Централната власт на СДСМ и ДУИ продолжува со притисоците и опструкциите на градоначалниците кои не се од нивните редови. Последен пример за тоа е Општина Виница, каде централната власт му ги одземаат ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори на училишта.
Патем во меѓувреме бидејќи бил истечен мандатот на претходниот директор согласно Закон, градоначалникот именувал вршител на должност директор, а министерството за образование и наука именува друго лице за директор, без да донесе решение за разрешување на ВД директорот. Така во исто време има две лица назначени за директор на едно училиште во Виница.
Ова е самоволието на СДСМ и ДУИ, поради кое штета трпи образованието.
Премногу е! Затоа , протест за промени и предвремени избори се решение за излез од кризите кои власта на СДСМ и ДУИ ги создава и подгрева.”
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски