Директорот на Комуналното Јавно Претпријатие “Водовод” од Кочани беше меѓу првите што излезе на лице место по добиената дојава за постоење на пожар на градската депонија во Кочани.
Тој заедно со екипи на претпријатието како и пожарникари од ТППЕ Кочани реагираа во најкус можен рок и го локализираа пожарот кој што се закануваше да се прошири на поголема површина во самата депонија но и околниот терен.
“![]()
![]()
Известување за настанат пожар на градската депонија
Ја известуваме јавноста дека околу 17 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е нискостеблеста вегетација и сува трева. Просторот кој е зафатен од пожарот е тешко пристапен и се наоѓа на самиот крај од градската депонијата и не опфаќа никакви отпадоци, туку исклучиво сува трева.
По добиената дојава за пожар, екипите на КЈП “Водовод” Кочани веднаш излегоа на терен и активно учествуваа во локализирањето на истиот. Во локализирањето на пожарот учествуваше и ТППЕ Кочани со едно возило и 5 пожарникари.
![]()
![]()
Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани. Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!”
-стои во известувањето упатено до јавноста од страна на КЈП “Водовод” Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка
Божиновска: Зелената транзиција не може без жените – поддржете повеќе проекти водени од жени – порака од глобалниот настан на ЕБРД по повод Денот на жената
Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите