До редакцијата на Брегалнички Портал пристигнаа шокантни информации од група загрижани вработени во ЈАвното комунално претпријатие “Брегалница” Длчево кои што се грижат за ивната егзистениција и егзистенцијата на своите семејства но уште повеќе за алармантно лошата финансиско-материјална состојба во која се наоѓа претпријатието кое е крвоток за нормално функционирање на општина Делчево.
Имено според информациите кои што се од огромен јавен интерес за сите граѓани на Делчево се говори дека актуелниот директор на ЈКП “Брегалница” Стојче Стојковски веќе доставил пред повеќе денови своја оставка до градоначалникот на општина Делчево со одложено дејство со цел до крај да си го искористи својот годишен одмор.
Но според добиените информации од загрижени вработени во претпријатието, и покрај тоа што директорот Стојковски е во оставка и користи годишен одмор, тој сепак во периодот по поднесување на оставката доаѓал во својата службена канцеларија и потпишувал финансиски налози за исплата на пари од Буџетот на комуналното претпријатие на селектирани доверители, без притоа да исплати плата на вработените во претпријатието.
Овие информации се дополнително шокантни поради фактот што ЈКП “Брегалница” Делчево работи со блокада на својата буџетска сметка со утврден лимит за исплата на плати на вработените и основни оперативни трошоци, која и покрај тоа што платата на вработените не е исплатена за минатиот месец се ближи до утврдениот лимит над кој секој прилив на сметката ќе оди за подмирување на извршни решенија на извршители.
Така постои опасност со ваквото однесување на директорот Стојковски вработените на ЈКП “Брегалница” Делчево да не можат да земат плата подолго време пробивајки го законски утврдениот рок за исплата на платите на работниците за минатиот месец. Така повеќе десетици вработени ќе бидат во опасност за прекин на здравственото осигурување на нив и за нивните семејства, прекин на плаќањето на придонесите за пензија, давачките во Буџетот на државата и нето плата за основна егзистенција.
Загрижените граѓни кои што се обратија до нашиот интернет портал со замолница да бидат анонимни плашејки се за сопствената егзистенција упатија јавен апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на општина Длечево кој што е надлежен за да се грижи за нормалното работење на јавното претпријатие во интерес на сите граѓани на Делчево да се позанимаваат со ваквото постапување на директорот кој што веќе депонирал своја оставка до општина Делчево, со одложено дејство.
“———————————————–
Подносител:вработени во ЈКП Брегалница-анонимни
Предмет :Сомнение за злоупотреба на службена положба од страна на директор на ЈКП Брегалница Делчево
Почитувани,
Ве известувам за можни неправилности и злоупотреби на службена положба и овластување од страна на директорот на ЈКП Брегалница Делчево
Имено директорот ,додека официјално користи годишен одмор ,иако поднел условна оставка до градоначалникот на Општина Делчево (која треба да стапи во важност по завршување на годишниот одмор) во текот на целиот овој период редовно оди на работа и потпишува вирмани за плакање кон доверители.
Се укажува дека претпријатието моментално се наога во финансиска рамка(блокада или ограничен буџет) и дека сеуште не е исплатена платата за месец октомври што дополнително создава сомнеж за неправилно и несовесно вршење на функцијата со што се засилува потребата од контрола на финансиските движења.
Директорот со тоа што потпишува вирмани во период во кој поднел условна оставка , период во кој користи годишен одмор и во услови кога нема овластено друго лице за потпис додека тој користи годишен одмор ја загрозува исплатата на личниот доход на вработените и законитото работење на претпријатието.
Постојат основани сомненија дека директорот ја злоупотребува својата положба и поднесената условна оставка до градоначалникот на Општина Делчево со цел во овој Вакум период да врши исплати и евентуално да ги испразни сметките на претпријатието со што би предизвикал материјална штета на истото .
Ве молам да преземете соодветна постапка ,да ги проверите финансиските трансакции на ЈКП Брегалница Делчево
– колку вирмани потпишал директорот додека е на користење на годишен одмор
-колку вирмани потпишал по поднесената условна оставка до градоначалникот
Со ваквите дејствија директорот постапил спротивно на член 23 став 1 и 2 од законот за јавни претпријатија (СЛ.весник на РСМ БР.23/2016 и измени) според кој
….Директорот го застапува и претставува претпријатието и е одговорен за законитоста на неговото работење.Доколку директорот е одсутен поради болест ,годишен одмор или други причини тој е должен со писмено овластување да определи лице кое ке го заменува и ке ги врши неговите овластувања за време на одсуството.
Со тоа што ,иако формално е на годишен одмор не овластил друго лице како потписник, туку лично продолжува да потпишува документи и да врши финансиски трансакции со што ги пречекорува своите овластувања и постаува спротивно на закон и отвара сомнеж дека со поднесената условна оставка до градоначалникот сака да го искористи вакум просторот да ги испразни сметките на претпријатието со што ке предизвика негативни финансиски импликации на идниот менаџерски тим којшто треба да ја превземе одговорноста во работењето на претпријатието кое и онака е пред финансиски колапс.
————
Со почит
Вработени во ЈКП Брегалница Делчево”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на загрижени вработени во ЈКП “Брегалница” Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Стартуваме со кампањата СЕ БОРИМЕ ЗА ПОЧИСТ ДОМ: ДЕЛЧЕВО СО НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОТПАД
Што се случува со локалните институции во Македонска Каменица?
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината