Со свое соопштение упатено до јавноста од Државната Комисија за спречување на корупцијата го пренесуваат својот став во врска со случувањата околу работата и мандатот на нивната Претседателка, која што е дел од судско-обвинителска постапка за утврдување на одговорност во случајот кој што во јавноста е позната како “Адитив”.
“Во врска со покажаниот интерес на јавноста информираме дека Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата Претседателка.
Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав.
Воедно, Ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.”
-стои во соопштението на ДКСК упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Вози одговорно- патувај безбедно“, „Користи зимска опрема“ и „Паркирај совесно“, превентивни активности на СВР Штип и СВР Тетово
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост
БОЖИНОВСКА: 2025 – ГОДИНА НА РЕД, СТАБИЛНОСТ, РАЗВОЈ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА