БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“, наменета за мајки, идни родители и за сите заинтересирани. Обуката ќе се одржи на 22 април, во периодот од 17.30 до 19 часот, а пријавувањето за учество е на e-mail адресата info@matrona.org.mk.

Обуката ќе ја води прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед, која преку оваа едукативна средба ќе сподели стручни насоки и практични совети поврзани со раниот моторен развој кај децата. Учесниците ќе имаат можност да добијат корисни информации за правилниот развој во најраниот период, препознавање на важните развојни фази, како и совети за тоа кога е потребно дополнително внимание или консултација со стручно лице. Темата за раниот моторен развој е особено значајна за родителите, бидејќи правилното следење и поддршка во овој период имаат важна улога во севкупниот развој на детето. Дополнително, како дел од оваа иницијатива, учесниците ќе добијат и ваучер за 15 отсто попуст на производите од dm марката babylove. 

Оваа обука е дел од Караванот на мајчинство, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките и идните родители. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 онлајн обуки, караванот продолжува да создава простор за размена на знаења, искуства и корисни информации, како и средина во која мајките се чувствуваат разбрани, поддржани и охрабрени да растат заедно со своите деца.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Годинешното издание на Караванот на мајчинство започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, а продолжи и со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, одржана на 23 март. Преку овие едукативни средби, иницијативата продолжува да отвора актуелни теми и да нуди стручна поддршка за прашања што се важни за секојдневието на современите семејства.

Со новата обука посветена на раниот моторен развој кај децата, Караванот на мајчинство и во текот на оваа година продолжува да обезбедува релевантни информации и практична поддршка за родителите. Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на мајките и родителите пристап до корисни совети, проверени стручни лица и содржини што можат да им помогнат полесно да се справуваат со секојдневните предизвици на родителството.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace