Од последниот албум на Бернајс Пропаганда насловен како “Втора младост трета светска војна” една од песните која слоевито го отсликува нашето секојдневие е “Дојде живот”.
Целиот албум на бендот е достапен на Бендкамп сервисот на интернет, каде може да си купите некоја од песните или пак целот албум а со тоа и да ја поддржите работата на Бернајс Пропаганда, кој со својот творечки опус и артистички израз секако го има заслужено тоа.
Во продолжение за инат на сите малери во државава ја пренесуваме оваа песна!
ДОЈДЕ ЖИВОТ
Само дај, кажи дај, само дај, кажи дај,
Дојде ли живот кај вас?
Дај, дај ми дај, само насмеј се дај…
Насмеј се, нé сликаат!
Дојде и живот, па замина далеку…
Кажа: не е за нас!
Јас сум ти како фабрика од злато,
Со сите стравови и фобии,
Во мене се собрани!
И пак сум поздрава, многу посилна,
од секој што робува!!!
И денес ако ослепам,
ќе видам нешто што не гледаш.
И да ми ја врзат раката,
со другата, свет ќе ти изградам.
Само дај, кажи дај, само дај, кажи дај,
Дојде ли живот кај вас?
Вулкан што спие, а крвта ми врие!
Играм на сончевата страна на улицата.
И пак сум поздрава, многу посилна,
Јас не знам да робувам !
Ако слободно не запеам,
Срце да отчука последен пат.
И да ми се врзани крилјата,
Пак можам свет да ти изградам.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата