Македонската заедница во Швајцарија е една од најпосветените во Европа кога станува збор за негување и афирмација на македонските вредности, култура и Македонски јазик.
Од страна на Унијата на македонските училишта во Швајцарија во францускиот кантон каде што живеат поголем број на македонци во учебната 2019-2020 година беше спроведувана настава на Македонски јазик за изучување на македонската култура, историја и традиција за дечиња-македонци кои живеат во Швајцарија.
Оваа настава се спроведуваше и покрај опструкциите и проблемите што ги наметна лошото менаџирање од страна на претходната влада во Република Македонија со финансирањето на соодветен наставен кадар за изведување на самата настава. Оваа пракса на македонските власти за поддршка на наставен кадар за спроведување на настава на македонски јазик беше спроведувана во минатото но беше прекината за учебната 2019-2020 година, по што Македонската заедница во Швајцарија се организираше и ја спроведуваше оваа настава во интерес на македонските деца во Швајцарија.
По завршувањето на наставата на пригоден начин беа доделени потврди за постигнатиот успех од страна унијата на македонските училишта во Швајцарија.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Драган Стоиловски од Швајцарија без чие што залагање оваа активност немаше да се реализира:
“Момент од чинот на добивање “Свидетелства “ за изучување на македонски јазик и култура во училиштето во Женева.
Другиот “одбор” дружина оправдано отсутен поради здравствени познати причини.
Десет ученици кои макотрпно и упорно ја запазуваат традицијата на изучување и применување на македонските национални вредности а со тоа и запознавање на истите во школскиот систем на кантонот .
Секако дека наставата се одвива во “илегални” услови и надвор од школскиот систем на нашата држава.
Инаку поради “технички“ министерски мк проблеми , училиштата по македонски јазик во францускиот дел на Швајцарија останаа без наставник и настава во учебната 2019/20.
Наше е да се организираме и дејствуваме за зачувување на културата , историјата, традицијата и јазикот македонски.
Бар овде сме слободни како птица в лет!
http://www.ecolesmacedoniennessuisse.ch/
Унија на македонски училишта во Швајцарија”
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157562257197648&id=607812647