БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Договорот за добрососедство” со Бугарија намерно е потпишан точно на 70 годишнината од Бледскиот договор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето гостување на Радио Лидер потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алаксандар Николоски утринава зборуваше за повеќе актуелни теми кои се од интерес на јавноста и раѓаните.

Тој во првиот дел од својот разговор со домаќините Љупчо Златев и Ивица Боцевски зборуваше за односите на Владата на СДСМ и ДУИ со бугарските власти во изминатиот период при што се задржа на т.н. Договор за добрососедство со Бугарија кој што во 2017 на 1 август го потпишаа двата тогашни премиери Зоран Заев со Бојко Борисов.

Александар Николоски во јавноста изнесе досега неафирмиран податок кој што е од историски карактер кој го опфаќа опстанокот на МАкедонскиот идентитет, јазик и целокупно постоење. Станува збор за следното:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Симболично на истекот на 70 годишнината од потпишувањето на Бледскиот Договор кој што имаше добра основа за развој на добрососедските односи на луѓето од двете страни на границата, потпишан меѓу Јосип Броз Тото и Георги Димитров, се прекинува неговата важност и се става нов камен околу вратот на Македонија особено во делот на евроинтеграциите на нашата држава.

Со потпишувањето на т.н. Договор за добрососедство меѓу Зоран Заев и Бојко борисов во историски контекст се руши положбата на Македонскиот народ и идентитет стекнат со Бледскиот договор како резултат на сервилната недржавничка политика на владата на СДСМ и ДУИ токму на истекот од 70 годишнината од самиот Бледски договор

БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ (1947)
– протокол меѓу делегациите на владите на ФНР Југославија и НР Бугарија.
По преговорите (30. Ⅶ – 1. Ⅷ), на 1 август потпишале Протокол за политичка, економска и културна соработка:

1. двете влади да потпишат договор за пријателство, соработка и меѓусебна помош;
2. максимална економска соработка, усогласување на плановите за економски развој и подготовки за создавање царинска унија;
3. со посебен договор да се воспостави нов режим за двосопственичките имоти на југословенско-бугарската граница, да се поедностават пасошките формалности, да се укинат влезните и излезните визи;
4. да се прошират железничките и патните врски;
5. координирање за однос спрема граничните провокации предизвикувани од Грција и за сите други важни меѓународни проблеми кои ги засегале интересите на двете Страни;
6. развивање максимално можна културна соработка;
7. Владата на ФНРЈ да објави специјална декларација за брат-ски гест дека се откажува од репарациите што $ се определени со Мировниот договор со Бугарија во износ од 25 милиони долари. Составен дел на Протоколот се и 4-те прилози: усогласен текст на Договорот за пријателство, соработка и меѓусебна помош; Спогодба за економска соработка; Спогодба за царински олеснувања и за подготовки за царинска унија и Спогодба за двосопственичките имоти.

ЛИТ.: Документи о сполјној политици СФРЈ, Ⅱ, 1947; Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин. Атанас Близнаков

Целата емисија на Радио Лидер со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Никколоски може да ја погледнете тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace