Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Документи на тајната служба на Британија и Комонвелтот од 1946 година испливаа на површина за борбата во Егејска Македонија

Пренеси го гласот

Од тајните архиви на Британија и Австралија заокружени со жолта боја во кои се вели дека борбата во Егејска Македонија 1946-1949 година била борба на Македонскиот народ за своја држава. Во „Доверливиот документ“ од 20 декември, 1946 година под број 3 се вели дека постоеле 6 000 наоружани герилци кои ги помагале над 35 000 жители од селата. Потоа на страна бр. 2, точка 5, пишува дека герилците кои се запишани во документот како „Славјани“ се борат да ги обединат во една држава „Вардар“ (Југословенска) „Егеј“ (Грчка) „Пирин“ „Бугарска“ МАКЕДОНИЈА.

Исто така во во составот на Голема Македонија, спрема Фореин Офис на Британија, треба да се инкорпорира и Солун. Состојбата на теренот во Егејска македонија била толку многу загрижувачка што Владата на Грција побарала помош од ООН, САД и Британија. Грција била советувана да испрати 80 000 редовна војска и 30 000 жандармерија за да ги победи македонските герилци. Исто така во овај документ пишува дека британски експерти ќе ги тренираат и обучуваат грчките војници за да бидат поспремни од востаниците.

Во документот се споменува ЕЛАС, но не како активен учесник, туку како организација која го чекала резултатот од сударот на Македонците со грчката армија. Овај документ е показател и вистински документ кој зборува за националната и државотворната борба на македонскиот народ за демократија, човекови права и слободи против Грција и грчкиот фашизам.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот