Градоначалникот на општина Виница Миле Петков денеска во присуство на директорката на Центарот за развој на источниот плански регион Зујица Ангелова го потпиша договорот за реконструкција на Домот за култура “Тошо Арсов” од Виница.
Станува збор за реконструкција на зградата на домот со имплементација на енергетско-ефикасни мерки за подобрување на енергетските карактеристики на овој јавен објект во општина Виница со што ќе се влијае на заштедата на финансиски сретства за греење и ладење на работните простории.
Истовремено ќе се подобрат работните услови зза вработените но и за граѓаните кои што ги користат услугите и просториите на домот.
“ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ТОШО АРСОВ“ ВО ВИНИЦА
Денес го потпишавме договорот за реконструкција на Домот на културата „Тошо Арсов“.
Реконструкцијата е дел од проектот „Енергетски ефикасен, пристапен и достапен објект за сите – Општина Виница“ чиј носител е Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиските средства се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година.
Вредноста на целиот проект е 12,6 милиони денари, од кои најголем дел се добиени од Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, а десет отсто е кофинансирање од буџетот на Општина Виница.
Според планот, ќе се преуреди големата (сината) сала, со замена на седиштата, проширување и адаптирање на бината, и замена на подот. Предвидено е да се затворат големите стаклени површини на ѕидовите и да се реновираат тоалетите, гардеробите, канцелариските и другите помошни простории. Дополнително, ќе се реконструира кровната површина над фоајето прд влезот во салата.
Реконструкцијата е неопходна уште пред многу години, а таа е оправдана со оглед на тоа што Домот на културата „Тошо Арсов“ е организатор на единствениот национален фестивал на хумор и сатира “Ин Виница веритас“.
Според условите во договорот, изведувачот СВЕАН ИНВЕСТ – Скопје, се обврзува градежните работи да ги комплетира до крајот на септември оваа година.”
-соопшти градоначалникот на општина Виница Миле Петков за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски