Дежурни екипи на вработени во Јавното пртетпријатие “Стипион” Штип попладнево излегоа веднаш на терен во санирање на штетите кои го зафатија овој град во источна Македонија попладневното невреме и обилни врнежи од дожд.
“
Почитувани сограѓанки и сограѓани,
![]()
По краткото невреме што го зафати Штип, екипите на ЈП”Стипион” излегоа на терен и ги исчистија наносите од земја, песок и камења.
![]()
Исчистени се атмосферските канали, одводи и места со наноси на критичните места по приоритет.
Тимовите ќе продолжат да работат на терен за да се осигура безбедноста на граѓаните, нивните домови и јавните површини.
![]()
ЈП”Стипион””
-информираа од ЈП “Стипион” Штип во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поранешен директор и раководител во ЈКП “Брегалница” Делчево добија кривични пријави за штета од над 7.5 милиони денари
Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип и РЦГР Исток за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства
Пожар на оџак во зграда во Штип причина за поголема материјална штета