Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски сподели историска фотографија од неговиот прадедо Ташко Вретоски од кого тој учел за идејата и организацијата.
На денешниот празник Илија Димовски исто така оддаде почит на овој историски лик од долгоата верига на историски ликови кои што се бореле за независна и слободна Македонија.
“Мустаќлијата е човекот од кој, и преку кој, учев за ИДЕЈАТА и ОРГАНИЗАЦИЈАТА…
Ташко Вретоски, мој прадедо…
Член на ВМРО од втората декада на минатиот век…
Прв командант на партизански одред во Дебрца…
Најблизок соработник на Петре Пирузе Мајски, член на Президиумот на АСНОМ…
Затворен за ВМРО во 1949 на тежок затвор од 5 години…
Одземени сите граѓански права до крај на својот живот…
Дома се учи за ИДЕЈАТА…
Да е жива и да не замре и во најтешки времиња!Имаме многу работа пред нас!
До слобода!
Денес е ден кога најмалку што можам е да споменам на него…”