• Насловна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Забава
  • Глас од истокот
  • македонски јазик
  • English
  • Log in
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Насловна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Забава
  • Глас од истокот
  • македонски јазик
  • English
коментари Share
You are reading
Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 1)
loading...
Насловна
Македонска бесмртност

Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 1)

октомври 6th, 2019 admin Македонска бесмртност, Топ вести коментари 96
Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 1)

Овој термин Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија формирале балкански сојуз против Османлиската Империја. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.

Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт.

Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат исход на национално-ослободителната борба што македонскиот народ ја води во втората половина на XIX и во почетокот на XX век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на таа борба.

Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на Македонците главно била присутна бугарската доминација.

Со залагање и со помош на Русија, е создаден Балканскиот сојуз, во чиишто рамки балканските земји дефинитивно го ослободуваат Балканот од многувековното турско владеење и практично ја протеруваат Османлиската Империја од европскиот континент, со исклучок на мал дел од Источна Тракија и Истанбул на Босфорот. Во 1912 година Албанија, со меѓународно неутврдени граници и од никого непризната, прогласува своја независност.

Основата на Балканскиот сојуз ја чинела српско-бугарската спогодба, а во преговорите што започнале кон крајот на септември 1911 година многу активно учествувале руските пратеници во Белград и во Софија, Хартвиг и Некљудов. Двете земји уживале голема поткрепа од страна на Русија. На 13 март 1912 година е потпишан Договорот за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, придружен со таен додаток и со воена конвенција што е потпишана на 2 јуни истата година како интегрални делови на Договорот. Покрај тоа истиот ден се потпишани и две спогодби на главните генералштабови.

Со овој договор, поточно воена конвенција од 2 јуни 1912 година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, Србија и Бугарија, да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште.

Со воената конвенција, било предвидено Србија и Бугарија во случај на офанзивна војна против Турција, да дејствуваат со доволно сили: Бугарија со војска што не може да биде помала од 200.000, а Србија со најмалку од 150.000 војници. Со четвртиот член на воената конвенција двете страни се обврзале, доколку по претходна спогодба ја нападнат Турција, од својата војска да одвојат најмалку 100.000 луѓе и да ги упатат на Вардарското боиште, ако поинаку не биде утврдено со специјален договор. Во случај Австро-Унгарија да ја нападне Србија, Бугарија се обврзувала да ѝ помогне на Србија со најмалку 200.000 војници. Ако Романија или Турција ја нападнат Бугарија, Србија се обврзала дека ќе ѝ помогне со најмалку 100.000 војници. Ако Турција ја нападне Србија, Бугарија би упатила најмалку 100.000 војници на Вардарското боиште, а ако ја нападне Романија, Бугарија ќе ѝ даде помош на Србија. Ако и Србија и Бугарија ја нападнат Турција, двете биле должни да упатат по 100.000 војници на Вардарското боиште, но, ако ја нападне само една без претходен договор, другата била обврзана само на пријателска неутралност.

Врз основа на воената конвенција, истиот ден, т.е. на 2 јуни 1912 година била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствувањето и операциите против Турција. Поради некои несогласувања во оценката на значењето на Вардарското и на Маричкото боиште во септември 1912 година била потпишана спогодба со која биле намалени обврските на бугарската војска кон Вардарското боиште.

Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во 1911 година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на Македонија. На иницијатива на грчката влада преговорите биле обновени во март, а договорот бил склучен во мај 1912 година. Тој бил одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања спрема Турција и големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и декларација со која се предвидувала неутралност на Бугарија спрема Грција ако таа, поради Крит, се најде во воена состојба со Турција. Воената конвенција што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на Вардарското и на Маричкото боиште: Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во Егејското Море меѓу Мала Азија и европскиот дел на Турција.

Бугарската војска била претежно насочена кон Маричкото војувалиште, односно во Тракија. Царот Фердинанд жестоко се спротивставувал да го потпише членот 2 од Договорот, односно членот 3 од Воената конвенција што биле насочени против Австро-Унгарија, но под притисок на руската влада и од кабинетот на Иван Гешов, царот го потпишал Договорот. Два месеца по потпишувањето на Договорот, при своите посети на Берлин и на Виена, Фердинанд ја застапувал тезата дека Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со Тракија, но дека, во последен момент, откако ќе биде создадена голема Бугарија ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на Балканскиот сојуз.

Бугарската влада во време на интензивната пропаганда и подготовките на Балканската војна максимално ги користела условите за потпишување на српско-бугарската спогодба, особено договорот со кој Бугарија се откажала од решенијата на прелиминарниот Санстефански договор и алтернативата дека на Македонија ќе ѝ се даде автономија. Тоа било решавачко за македонската емиграција, интелигенцијата и речиси сето население, да се определи во Балканската војна да учествува на страната на Бугарија.
(Продолжува)

Извори:
1. „THE BALKAN WARS“. US Library of Congress. 2007. конс. 2008-04-15.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Пренесува: По патот на Македонската историjа

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Вака лажеше Зоран Заев (борецот против лажни вести) по средбите со Ангела Меркел во врска со големата германска инвестиција во Македонија која никогаш не се случи
Следна објава Фељтон: БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (дел 2) -Балкански сојуз
admin

admin

Може да Ве интересира:
Александар Тимчевски: Покајание
Глас од истокот

Александар Тимчевски: Покајание

декември 15th, 2019 1
Ќулавкова: Самата македонска држава ги принудува Македонците да се изјаснуваат за етнички Албанци, само за да се вработат
Матна Брегалница

Ќулавкова: Самата македонска држава ги принудува Македонците да се изјаснуваат за етнички Албанци, само за да се вработат

декември 14th, 2019 39
Дескоска возврати на "оганот" од Груевски
Македонија

Дескоска возврати на "оганот" од Груевски

декември 14th, 2019 60
Љупче Петрески: БОГАТИОТ МЛАДИЧ И ХРИСТОС
Македонија

Љупче Петрески: БОГАТИОТ МЛАДИЧ И ХРИСТОС

декември 14th, 2019 29
Мицкоски: Да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита на посебноста на македонскиот јазик
Македонија

Мицкоски: Да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита на посебноста на македонскиот јазик

декември 14th, 2019 22
Крум Николовски: БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД
Глас од истокот

Крум Николовски: БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД

декември 14th, 2019 29
Александар Николоски: коцкањето од страна на СДСМ ја носи државата во слепа улица
Македонија

Александар Николоски: коцкањето од страна на СДСМ ја носи државата во слепа улица

декември 14th, 2019 28
Никола Груевски: Рената Десковска  да се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг
Македонија

Никола Груевски: Рената Десковска да се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг

декември 14th, 2019 44
ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да го расчисти случајот околу склучување договор на Владата со САРХЕМС
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да го расчисти случајот околу склучување договор на Владата со САРХЕМС

декември 14th, 2019 27
Facebook Comments
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

1128
Маж на денот
Јан Сомерхалдер - човекот кој ако не бил совршен актер , би бил морски биолог

Јан Сомерхалдер - човекот кој ако не бил совршен актер , би бил морски биолог

294
Најнови објави
Дек 15th 10:00 AM
Глас од истокот

Александар Тимчевски: Покајание

Дек 14th 11:37 PM
Матна Брегалница

А културно беше да го плаќате Саше Поликлинико, да ги брка Вмроовците пред 4 години, тогаш се смеевте

Дек 14th 11:29 PM
Матна Брегалница

Ќулавкова: Самата македонска држава ги принудува Македонците да се изјаснуваат за етнички Албанци, само за да се вработат

Дек 14th 11:13 PM
Македонија

Дескоска возврати на “оганот” од Груевски

Дек 14th 10:05 PM
Македонија

Љупче Петрески: БОГАТИОТ МЛАДИЧ И ХРИСТОС

Дек 14th 10:01 PM
Македонија

Мицкоски: Да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита на посебноста на македонскиот јазик

Дек 14th 9:22 PM
Глас од истокот

Крум Николовски: БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД

Дек 14th 9:15 PM
Македонија

Александар Николоски: коцкањето од страна на СДСМ ја носи државата во слепа улица

Дек 14th 8:52 PM
Македонија

Никола Груевски: Рената Десковска да се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг

Дек 14th 7:38 PM
Забава

The Time Shop – Краток филм кој ќе ве потсети колку вреди времето поминато со семејството

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Закана за Заев- веднаш приведување. Бујар Османи се закани на цела држава и никому ништо!
Матна Брегалница

Закана за Заев- веднаш приведување. Бујар Османи се закани на цела држава и никому ништо!

Дек 9th, 2019 1708
Христијан Мицкоски згрме: Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците
Македонија

Христијан Мицкоски згрме: Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Дек 12th, 2019868
Виолета Ачковска: Убав ни е јазикот македонски
Македонија

Виолета Ачковска: Убав ни е јазикот македонски

Дек 12th, 2019702
Масовна апликација на Мкд знамето поради посетата... Америка е на нозе!!!
Матна Брегалница

Масовна апликација на Мкд знамето поради посетата... Америка е на нозе!!!

Дек 11th, 2019508
Игор Јанушев: Вчера на вработените во СЈО им е исплатена плата! Кој потпишал?
Македонија

Игор Јанушев: Вчера на вработените во СЈО им е исплатена плата! Кој потпишал?

Дек 13th, 2019456
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
38-2
Jason Statham 05
28-09-2018-1538200143
glamour 053
60272720 868365866846087 4803487592735571968 n
12-11-2015-1447337468
pozarnikar 09
56721565 583773345451346 46105421655572480 n
60354396 358436378119398 3803084890820313088 n
65252889 2311030722312319 578686052168892416 n
12-11-2015-1447338232
detski ludorii 016
22-03-2018-1521721413
42987285171 2782bcb8f3 o
burning man fest 034
Monica Bellucci 68
COB Shoot-3 0228-585x390
Monica Bellucci 59
Наш Instagram дом
Instagram post 2199079177586975842_8670385643 Каде за нова година?
Instagram post 2199077669415766239_8670385643 Борбата против корупцијата им е средно име....
Instagram post 2198865548472075071_8670385643 Совршенство и хармонија...
Instagram post 2198864504954302806_8670385643 Собата за контрола на сообраќајот во Пекинг!
Слична нешто е и во Скопје.... 😊😉
Instagram post 2198863228141097716_8670385643 Ова не е во Македонија!
Instagram post 2198862623825971290_8670385643 Кривата кула во Пиза одвнатре и не изгледа толку криво...
Instagram post 2198862021171518908_8670385643 Внатрешноста на маса за билјард
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.