Заменик-претседателот на Владата на Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија во Скопје, Паоло Палминтери.
За време на средбата, заменик-претседателот на Владата, Фетаи, му честиташе на амбасадорот Палминтери за новата функција и му посака успех во неговата дипломатска мисија. Тој ги оцени билатералните односи како одлични и изрази благодарност за постојаната поддршка на Италија за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.
Исто така, Фетаи му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за драгоцената помош во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани.
Двајцата соговорници се согласија да го продлабочат меѓусебното партнерство, со посебен фокус на борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на нелегално стекнат имот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка
Божиновска: Зелената транзиција не може без жените – поддржете повеќе проекти водени од жени – порака од глобалниот настан на ЕБРД по повод Денот на жената
Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите