Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Пренеси го гласот

Таа е Холандска пеачка, гласовен тренер и канта автор. Била дел од повеќе бендови: Mayan, Ayreon, Avalon, Ravamp, Nightwish и After Forever.

Моментално е водечки вокал на финската метал група Nightwish.

Нејзиното име е Флор Јансен (Floor Jansen) а нејзиниот моќен и раскошен глас претставува предизвик за мнигумина во светот на музиката и инспирација на нејзините фанови.

Родена е на 21 ви февруари 1981 година заедно со нејзината сестра близначка Ајрин Јенсен.Уште од мала свири гитара, пијано и флејта.

Цел живот е вегетарјанка.

На 15 години кога случајно се нашла на сцената одлучила дека нејзиниот живот ќе биде посветен на музиката.

Од 1997 година на нејзина 16 годишна возраст е дел од бендот After Forever а во 2009 година кога бендот се распаднал таа формира свој бент Revamp. По заминувањето на Anette Olzon од 2013 година Флор Јансен е дел од бендот Nightwish.

bregalnickimarketing

Во 2019 година Јансен настапи на популарното шоу “Најдобри пеачи” Beste Zangers (“Best Singers”). Нејзината интерпретација на песната “Фантом од операта” во придружба со пеачот на класична музика Хенк Пурт остави силе впечаток кај холандската но и светската публика и фанови.

Во улогата на главен водечки вокал на светски популарниот метал бенд Nightwish одлично се снаоѓа и покрај товарот на нејзините плеќи дека ја заменува легендарната Тарја Тарунен и нејзината наследничка Анет Олзен.

Во продолжение пренесуваме една мега галерија на нејзини фотографии преку кои може да се види под жешкото светло на рефлекторите на сцена и во нејзиниот вообичаен секојдневен живот:

Креирано од:


Пренеси го гласот