Фудбалската федерација на Македонија на 17 март (недела) со почеток во 10 часот во Хотелот Инекс-Горица во Охрид, на Редовно генерално собрание на вондредни избори ќе избира нов претседател, кој ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече минатата година.
Единствени пријавен кандидат со сите исполнати услови е Муамед Сејдини, кој моментално извршува функција в.д. претседател. Тој е кандидиран од матичниот Општински сојуз од Кичево.
На настанот ќе присуствуваат: УЕФА, ФИФА, Агенцијата за спорт и млади и Македонскиот олимписки комитет. Македонскиот олимписки комитет ќе го претставуваат претседателот на МОК, Васил Тупурковски и генералниот секретар, Сашо Поповски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пристига цехот од владеењето на СДСМ и ДУИ: Каде завршиле 2 милиони евра од Лотарија?
Министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди