БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Германската амбасада донираше техничка опрема за Доброволното противпожарно друштво – Кочани

Пренеси го гласот

Во присуство на претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија и на Општина Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани прими техничка опрема за интервенции во случај на пожари, поплави, сообраќајни незгоди и други природни катастрофи.

Со проектот финансиран од фондот Мали проекти на Германската амбасада, доброволните пожарникари добија интервентни чизми, мобилни станици за комуникација, моторни пили,  турбомлазници за вода и заштитни маски.

Командирот на Доброволното противпожарно друштво, Златко Илијев изјави дека со овој проект е остварен уште еден приоритет на ДПД за оваа година – набавка на контејнери за собирање и селекција на цврст отпад, којшто потоа ќе се предава на овластен откупувач, со што освен еколошки резултати, ДПД ќе обезбедува и финансиски средства за своето функционирање.

Доминик Куберлинг од Одделот за економија и економска соработка во Амбасадата на Германија, го поздрави хуманиот доброволен ангажман на членовите на ДПД – Кочани, не само во цивилната заштита туку и во животната средина и обуките на најмладите во различни области. Исто така го поздрави и вклучувањето на жените во доброволните противпожарни активности.  На средбата со претставниците од Германската амбасада, секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев изрази подготвеност за натамошна поддршка на Доброволното противпожарно друштво со соработка, партнерства и проекти што ќе придонесат за јакнење на надлежноста противпожарна заштита. 

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот