“Со голема радост објавувам дека Гевгелија е Град на културата за 2025 година!
Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија.
Владата инвестицираше 40.675.095 денари за комплетна реставрација на Старата чаршија, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија. Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови.
Гевгелија, со својата локација и природни убавини, привлекува бројни туристи. Сега, со статусот на Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.
Време е да создадеме средина во која културата не само што ќе се слави, туку и ќе се живее, каде што уметноста ќе биде интегрална компонента на нашиот секојдневен живот. Со манифестацијата Град на културата, имаме уникатна можност да ги инспирираме младите, да ги охрабриме уметниците и да го промовираме нашето културно наследство.
Очекувам нови уметнички проекти, нови културни настани и нови иницијативи кои ќе ја заживеат Гевгелија и ќе ја позиционираат на мапата на културни дестинации во регионот и пошироко.”
-Интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организиран настан за снимање спот со над 300 возила кои турирале со моторите. Полицијата реагирала експресно и ги растерала присутните
Македонија 7 дена ќе тагува по своите ангели кои заминаа на небесата
Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка