Професор Росоклија по повод протестот на 18 ноември , се огласи на својот профил , каде мудро и опширно го објаснува значењето да се излезе на улица и да се покаже несогласност и револт на политиките на оваа влада.
“ Власта, уплашена од народен револт, се обиде со референдум да го присили Македонецот да е соучесник во нивниот злостор, националното предавство кое е во тек, крстејќи го ,,национално помирување”. После катастрофалниот пораз на референдумот, власта и опозицијата започнаа со безобѕирно кршење на законите и на македонското достоинство. Собранието се претвори во бордел во кој секој пратеник си ја одредува цената за соучесништво во криминалот и предавството.
Дали нашата генерација ќе биде запамтена во историјата на македонската држава и на македонската нација како генерација на срамот, генерација која била незрела и во основа некултурна и необразувана да сфати што се случува и кави ќе бидат последиците од нејзината пасивност, генерација која им помогнала на уценети криминалци на власт и во опозиција, да ги уништат вредностите за кои десетици наредни генерации ќе се борат да ги повратат?
Или ќе се спротивставиме со излегување на улица , и со граѓанска непослушност ќе ја присилиме инсталацијава која глуми власт, а извршува странски наредби за деструкција на нацијата и на државата, да излезе на избори за народот да одлучи за својата иднина!”
– Напиша Росоклија на својот фејсбук профил.