На социјалните мрежи наголемо се присутни негодувања (во најмала рака) и отворен револт во врска со поскапувањата на производите потребни за егзистенција во секојдневието.
Таков е случајот и со поскапувањето на маслата за јадење, кои што се основна потреба во секоја домашна кујна.
Коментарите на граѓаните на социјалните мрежи се движат од пародично- смешни до емотивно i социјално-потресни.
Еден таков коментар на социјалните мрежи е упатен до владините функционери и до премиерот Димитар Ковачевски лично во кој се вели повеќе да не ги замрзнуваат цените на основните прозиводи зошто народот измразнал од ваквите замрзнувања.