• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
Насловна
Регион
Граѓани

Граѓани со крајни напори спасувале човечки живот на непристапен терен во општина Кратово. Надлежните кревале раменици

април 4th, 2021 Граѓани, Регион коментари 0

Колку чини човечкиот живот?

Пред неколку дена, добив повик за лице завеано во едно од најоддалечените планински места во Кратовската општина. Околу девет часот утрото заедно со медицински техничар и шофер, придружувани од сестрата, внукот и кумот на внукот на лицето, се упативме во планината.

По поминати околу три-четириесетина километри возилата ни заглавија во соспите снег по што моравме да продолжиме пеш. После повеќе од час и половина одење низ екстремно стрмниот и непристапен терен, бидејќи патот до куќата не беше прооден, стигнавме до имотот на лицето. Затековме трогателна ситуација.

Лицето беше паднато на патеката која од неговата куќа води до трлото во кое одгледува значителен број овци кои во овој период од годината се јагнат и мораат да бидат проверувани секоја вечер. За некое чудо, лицето после поминати повеќе од 12 часа на поларна температура во снегот беше сеуште живо, за разлика од овцата која најверојатно имаше излезено да ја врати во трлото по јагнењето. Го имаше најдено неговата 90 годишна мајка која немајќи сила да го крене поминала цела ноќ покрај него обидувајќи се да го загрее, за да во утринските часови, иако не знае да ракува на телефон, успее да се јави на сопствената ќерка и да побара помош. Го внесовме во куќата и му пруживме прва помош, но како што секогаш бива, една несреќа не оди сама.

Сфатив дека ситуацијата е многу посериозна (иако и самото измрзнување е сериозна состојба која најчесто бара хоспитализација) и дека човекот очигледно има и некоја друга подлежечка состојба која треба да се испита во болнички услови.

Од тука почна нашата вистинска голгота. Поради непристапноста на теренот немавме можност (барем тогаш така мислев) да го однесеме човекот до нашиот џип. Решивме да се обратиме за помош кај сите институции во нашата општина. И замислете, секаде каде што се јавивме или пративме некого да праша ни беше речено дека не можат да ни помогнат. Противпожарната единица не можела, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, колегите од ЗД Кратово се јавувале и во полициската станица но искрено не знам што им било речено, а од Општина Кратово и на личниот број на градоначалникот не не удостоија ни да ни кренат слушалка.

Оставени сами на себе и без никаква помош, ги прашав неговите роднини и медицинскиот техничар дали се спремни на раце да го изнесеме човекот до возилото, целосно свесен за ризикот во кој ги ставам нив и самиот себе и за одговорноста која ја преземам. Сепак, професијата не ми дозволува ни да помислам да не го транспортирам пациентот кој имал среќа да преживее на тој студ и снег. Роднините најдоа колци и ќебиња од кои со свои раце зашивме носила, го замотавме во јамболии човекот и го поставивме на носилата и додатно го обезбедивме шиејќи ги однадвор ќебињата.

Ние четворицата околу 5 ЧАСА НА РАЦЕ ГО НОСЕВМЕ ПАЦИЕНТОТ ПО КОЗЈИ ПАТЕКИ, НИЗ ЕКСТРЕМНО СТРМЕН ПРЕДЕЛ И ШУМА НАМЕСТА ЗАТРУПАНИ СО СНЕГ, ПРЕКУ РЕКА И НИЗ УГОРНИЦА КОЈА РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ЈА ПОМИНЕ И ПЕШ. На крајот, накај 19 часот успеавме да стигнеме до возилата и околу 20 часот да го транспортираме пациентот во ЗД во Пробиштип каде дежурната екипа без збор и прашање го презеде пациентот и го однесе во Штип.

Доживеав 90 годишна мајка низ солзи и лелеци да не моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки по кои таа им носела храна на партизаните кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и. Апсурдно, нели?

Затоа, јавно прашувам:Стојанче Ангелов за што е надлежен Центар за управување со кризи? За кревање раце и раменици, седење по канцеларии и состаноци и проследување на информации?

Љупчо Бојаџиев, за што се надлежни општинските претпријатија и градскиот татко ако не за да им бидат на услуга на граѓаните кога им се најпотребни? Или за садење цвеќиња, фарбање клупи, асвалтирање панорамски патишта и продавање празна слама и демагогии?

Почитувани Zoran Zaev, Венко Филипче, Oliver Spasovski, Ви се обраќам не како експоненти на политичка пратија, туку како луѓе кои моментално се носители на фунции кои можеби можат да направат некоја разлика.Јас, а се надевам и мнозинство на граѓани и граѓанки на оваа беспоштедно сурова Република, кои го читаат ова, НЕ САКАМ, ТУКУ БАРАМ ОДГОВОРНОСТ ЗА КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ И ОЧЕКУВАМ КОНЕЧНО ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ НЕКОИ ПРАВИЛА, ПРИНЦИПИ И СТАНДАРДИ.
Го пишувам ова испровоциран од инертноста на институциите и нивниот однос, но и од нечовечноста на луѓето вработени во нив, надвор од секаков дневно-политички контекст, знаејќи дека ќе испровоцирам реакции кои најверојатно негативно ќе се одразат на мене, но веќе искрено не ми е гајле.На крај, да одговорам на прашањето. Човечкиот живот за некои од нас нема цена, а за некои не вреди воопшто.

Пс. Tv Star – Televizija Star , пред да објавите нешто информирајте се убаво и од прва рака, бидејќи лицето за кое сте известиле не е залутано, туку чесен сточар кој егзистенцијата ја нашол во одгледување овци во планината, а моменталната состојба му е далеку од стабилна.

Edit: Ги читам коментарите и морам да кажам дека постов не е напишан за самопромоција и фалење, туку за да алармирам дека системот не ни функционира.

-Фејсбук статус на Pavle Zafirov

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Што велеше Венко Филипче, зошто требало да гласаме за СДСМ на последните избори?
Следна објава Некој на снегот кај Пехчево попладнево напишал "Македонија Чат-Пат"
Може да Ве интересира:
Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

април 18th, 2021 0
Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

април 15th, 2021 0
Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

април 14th, 2021 0
Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево
Регион

Полиција во Делчево вршела дискриминација при пропуштање на гледачи на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница- Делчево

април 12th, 2021 0
Млади активисти во еколошка акција за чистење на дивите депонии на Голак. Ги молат случајните минувачи со возила да го превземат собраното ѓубре со нивните возила до депонија
Граѓани

Млади активисти во еколошка акција за чистење на дивите депонии на Голак. Ги молат случајните минувачи со возила да го превземат собраното ѓубре со нивните возила до депонија

април 11th, 2021 0
Сашко Ивановски: Планината Голак е заборавена од Градоначалникот Горан Трајковски, стагнира развојот а Делчево се претвори во емиграциски центар
Регион

Сашко Ивановски: Планината Голак е заборавена од Градоначалникот Горан Трајковски, стагнира развојот а Делчево се претвори во емиграциски центар

април 10th, 2021 0
Додека се намалуваат приходите на општина Штип, се зголемуваат расходите за партиски привремени вработувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип
Регион

Додека се намалуваат приходите на општина Штип, се зголемуваат расходите за партиски привремени вработувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

април 9th, 2021 0
Директорот на клиниката во Штип не можел да предвиди дека ќе се појави нов пик на пандемијата. Пациентите лежат во некомплетна монтажна ковид болница
Регион

Директорот на клиниката во Штип не можел да предвиди дека ќе се појави нов пик на пандемијата. Пациентите лежат во некомплетна монтажна ковид болница

април 8th, 2021 0
КАПИТАЛНИТЕ ЛАГИ на градоначалникот Ивица Димитров
Регион

КАПИТАЛНИТЕ ЛАГИ на градоначалникот Ивица Димитров

април 5th, 2021 0
Facebook Comments
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

0
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

0
Најнови објави
Апр 19th 3:05 PM
Технологија и Опрема

Програмери наспроти нормални луѓе #01: Корен на врв или корен на дно?

Апр 19th 2:05 PM
Македонска бесмртност

Почина Д-р Александар Стојчев- еден од врвните интелектуалци на полето на одбраната на Македонија

Апр 19th 2:01 PM
Македонија

Дали со кривична пријава ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи кршењето на уставот од страна на позитивните пратеници во парламентот?

Апр 18th 3:15 PM
Регион

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми

Апр 15th 8:32 PM
Регион

Поддршка на протестот на КСС од страна на пратеникот Иван Јорданов

Апр 14th 11:01 AM
Регион

Регионалниот координатор на СДСМ за ИЕ 3 Никола Тренчевски од Делчево со 30000 денари е на списокот на хонорарци на Владата

Апр 14th 9:19 AM
Македонија

Падна еден од столбовите на актуелниот режим: Рашковски поднесе оставка

Апр 14th 9:02 AM
Македонија

Николоски: Отчет за се од власта и веднаш да кажат кој е датумот?

Апр 13th 10:07 PM
Глас од истокот

Гоце Марков: Како силувана?!

Апр 13th 9:50 PM
Глас од истокот

Стрезоски: Додека Заев ги полни батериите, Македонија ги полни гробиштата!

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Архива на статии
Наш Instagram дом
Прогноза за цената на лубен Прогноза за цената на лубениците за претстојната сезона?!?
Во едната рака земи грст сол и стави ја во чаша полна со вода. Водата ако ја испиеш ќе биде горчливо-солена.
Во другата рака земи исто толку сол и расфрлај ја во водата на блиското езеро... ако ја вкусиш водата на езерото солта нема воопшто да ја забележиш.
Болката и среќата се секогаш присутни во нашите животи.
Од тебе зависи дали ќе бидеш чаша или езеро.
Гордост е да си Македонец... Гордост е да си Македонец... и обврска и привилегија... и проклетство и радост...
Документарен филм за Божествената природа на Тоше Проески.
Тотална саботажа Тотална саботажа
Денеска целото членство гласа.
ДА🤔
НЕ☠
Светски класик кој ден дене Светски класик кој ден денес делува футуристички
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.