БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Далибор Ангелов ги презентираше реализираните проекти за жителите на општина Чешиново- Облешево

Пренеси го гласот

Поминаа 100 дена откако ја добив довербата од вас, токму јас да бидам градоначалник на општината. Затоа сметам дека сега е вистинско време да се повлече една црта и да се сумира досега направеното. На, тоа ме обврзува вашата доверба, времето во кое живееме и видувањето кое ви го дадов во мојата предизборна кампања. Позади нас се 100 дена од управување со општината, 100 дена нова власт, 100 дена промени. Од првиот ден се фативме во теснец со натрупаните проблеми кое не можат да исчезнат преку ноќ. Сметката на општината е блокирана, за првпат од формирањето на општината. Затекнав долг што е сериозна сума за една општина како што е Чешиново – Облешево“,

-истакна Далибор Ангелов, градоначалник на општина Чешиново – Облешево на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани.

Ангелов додаде дека причините за лошата состојба на општината во која што ја затекнал е поради неспособноста и неодговорноста на СДСМ.

„Побаравме да се изврши ревизија за работата на претходната власт, но за жал без некое посебно образложение бевме одбиени од страна на Државниот завод за ревизија. Но, тука не застануваме и не се откажуваме од нашите цели“, нагласи Ангелов.

Ангелов посочи дека се средија многу работи за овие 100-тина дена. По истекот на овие 100-тина дена од мандатот се доизгради улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Чешиново. Во тек е постапка за изградба на уште три улици општината, тоа е крак на улицата „Маршал Тито“ во село Спанчево, крак на улицата „Маршал Тито“ во село Чешиново, и цела улица во населено место Уларци, „Блаже Ефремов“.

„Санирана е оградата на река Брегалница на с. Теранци. Почнати се активности за изградба на фекална канализација во с. Уларци. Во завршна фаза е постапка за набавка на ново возило за собирање и транспорт на цврст отпад. Опремени се кабинети по природни науки во двете основни училишта во Облешево и Соколарци. Извршена реконструкција на подот на спортската сала и училница во селото Соколарци. Се спроведе акција за прочистување на повеќе диви депонии, асфалтирано е и спортско игралиште во с. Облешево. Се работи на изработка на техничка документација за многу инфраструктурни проекти. Се работи за изработка на урбанистичко планска документација. И одобрени се средства за изградба на уште две улици во општините“, рече Ангелов.

Ангелов укажа дека зголемување на транспарентноста на општината е најважниот чекор за враќање на довербата на граѓаните во општината.

Креирано од:


Пренеси го гласот