БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Миле Петков посветено за руралниот развој во Виница: Селата Лаки и Трсино добиваат Урбанистички планови

Пренеси го гласот

Политичките определби на градоначалникот на општина Виница Миле Петков етапно според предвидената динамика пополека добиваат своја конкретна реализација. Руралните места на истокот од Македонија се одлична можност за рурален развој особено за општина Виница чие што сообраќајно поврзување со остатокот од државата е на завидно високо ниво. Токму за развојот на руралните места како основен предуслов се наметнува носењето на урбанистички планови, за чија што пракса предничи работата на виничкиот градоначалник над сите останати општини во истокот.

“Денес се одржа јавна презентација на предлозите за Урбанистички планови за селата Лаки и Трсино. Предметниот плански опфат за кој се изработува Урбанистичкиот план за с.Лаки е со планиран опфат од 21.39 хектари. Планскиот опфат на Урбанистичкиот план за село Трсино е со вкупна површина од 35.24 хектари, периметарот на планскиот опфат изнесува 3806.88м2, додека пак само површината на уличната мрежа од УП за с.Трсино во рамките на планскиот опфат изнесува 4.27 хектари.

Времето на излагање на планот трае 30 дена заклучно со 22.08.2022 година. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица своите забелешки, предлози и мислења можат да ги донесат на посебни анкетни листови (кои можат да ги добијат во Општински центар за услуги при општина Виница) и во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. За повеќе информации сите лица можат да се обратат во Одделението за урбанизам во просториите на општина Виница.”

-информираат од Општина Виница

Креирано од:


Пренеси го гласот