Според тендерската документација и Образецот за доставување на понуди во неодамна спроведената постапка за ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ ЗА Набавка на прехранбени продукти и пијалоци, бр. 08865/2019 Градоначалникот на Општина Кочани ќе набавува во рок од 12 месеци повеќе прехранбени продукти и пијалоци за потребите на општинската администрација кои не соодветствуваат со јавната дејност која треба да ја врши општинската администрација.
Пари на граѓаните од општинскиот Буџет во износ од 599.999,99 денари се предвиден износот на оваа јавна набавка,
Во техничката спецификација се наброени 4 видови на кафе, Чоколадни бомбони, чоколадни десерти, печени солени кикиритки, печени солени бадеми I класа, печени солени фастаци I класа…
Но во техничката спецификација се наброени и 12 видови на алкохолни пијалоци (вина, пиво, бренди, виски, ракија, Жесток алкохолен пијалок од гроздова пулпа, Алкохолен пијалок- посебна гроздова,овошна ракија со арома на анасон, потоа млеко, лашкавал, сирење, јогурт, павлака, паштети, месен нарозок од свинско месо, пилешки виршли, шунка, масло за јадење, пченично брашно, мелено говедско месо, смрзнато пиле, пилешки копани, ориз…. мајонез, кечап, маргарин, кокошкина бистра супа….
Ова се дел од продуктите кои се наоѓаат на договорот за јавна набавка од 1-ви ноември “Набавка на прехрамбени продукти и пијалоци” потпишан од градоначалникот Николчо Илијев објавени на страната на е-набавки!






Останува нејасно за кои потреби и на кој начин општина Кочани ќе ја врши потрошувачката на оваа листа на артикли, кои повеќе одговараат како за намирници за ресторан отколку за единица на локална самоуправа?
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Владимирци (беровско) физички се пресметувале, едниот користел стаклен предмет
Коцкарски маки во Пробиштип: Приведен 36 годишник за обид за напад со остар предмет врз полицаец
Истокот не се дава: Приведени три лица на подрачје на СВР Штип поради управување возило под дејство на алкохол