Младиот Игор Маринковски од Македонска Каменица беше најсреќен од повеќемината кои што утрово скокаа во студените води на Каменичка Река во обид да го фатат Светиот Крст.
Голем број граѓани на Македонска Каменица беа дел од овој светол чин на осветување на водите на Каменичка Река со желби и надеж за повеќе здравје и среќа во новата 2023 година.
“19. Јануари 2023 година – Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Игор Маринковски од Македонска Каменица.
Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а на најсреќниот, градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му додели златник и пригодни подароци.”
-информираше градоначалникот на општина Македонска Каменица по повод денешниот празник Богојаление- Водици.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта
Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег