Градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски во рамки на неговите програмски определби во насока на остварување на своите предизборни ветувања денеска најави дека ќе започне со интензивна комуникација со граѓаните на општинатаво сите населени места.
“Денес сум меѓу граѓаните, мојот тим ги евидентира нивните проблеми, сугестии и предлози. Моја определба е заеднички да работиме и да изнајдеме квалитетни решенија. Во наредниот период ќе ги посетиме сите месни заедници во руралните средини и во централното градско подрачје и сите општински ресурси ќе ги ставиме во служба на нашите жители.”
-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Пробиштип два дена домаќин на Првата докторска олимпијада
Жител од Пробиштип уапсен во Свети Николе поради тешка кражба