БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Јорданов со решение за најгорливите прашања на штипјани

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов постојано е на терен и во комуникација со граѓаните на сите населени места низ општината и ги решава нивните најгорливи проблеми. Со увид на лице место а по претходно добиени информации од жителите на село Шашаварлија денеска градоначалникот Јорданов се увери во причините за недостигот на вода за дел од жителите на ова село. Станува збор за крадење на вода наменета за пиење со која поединци наводнуваат земјиште и ја користат ненаменски и противзаконски.

“Денес откривме несовесно однесување на група граѓани во с. Шашаварлија!

Како одговорна локална самоуправа, работиме на отклонување на неправилности во секој сектор во наша надлежност, а со тоа ги штитиме интересите на оние кои одговорно се однесуваат кон заедницата и се грижат за општиот интерес!”

-напиша на фејсбук градоначалникот Јорданов пренесувајки видео од состојбите на терен.

Креирано од:


Пренеси го гласот