ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии каде што се промовираат проектите сработени локалните самоуправи каде градоначалници се луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ананиев од Општина Кочани кажа дека во општината се инвестирало доста во реновирањето на училиштата.
Две од основните училишта добија спортски сали, од проектот на Владата од 145 спортски сали. Едната е во Никола Карев, другата во Крсте Петков Мисирков, изјави Ананиев.
Тој кажа дека спортските сали имаат капацитет за 500 гледачи, а покрај училишните спортови тие може да ги користат сите граѓани. Покрај спортските сали, во соработка со владата Кочани добил осум повеќенаменски игралишта.
-Во последните девет години како пракса на градоначалникот влезе да се воведува стипендија за најуспешните студенти кои се од Општина Кочани, кои се од дефицитарните студии. Континуирано растеше бројката, почнавме со 20, сега се 30, нема прекин на оваа мерка, изјави Ананиев.
Тој напомена дека има стипендија за најдобриот млад спортист. Тој кажа дека биле воведени и бесплатни курсови за неколку струки.
-Покрај најмладите, Општина Кочани има одлична соработка и со пензионерите, се отворија пет нови клуба за пензионери, два се во населените места, а три се во самиот град. Мислам дека ќе продолжи таа соработка, изјави Ананиев.
Ананиев напомена дека инвестиции имало и во туризмот, Пониква стана најквалитетен туристички центар во источна Македонија. Градоначалникот Димитровски кажа дека од едно летаргично и запуштено место, во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и општинта Пробиштип, ова туристичко место било спасено.
Извор: Курир
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски