БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Грета Ван Флит: Незапирлив подем на наредната Рок суперѕвезда

Greta Van Fleet's debut album, <em>Anthem of the Peaceful Army</em>, is out now via Republic Records.

Пренеси го гласот

Greta Van Fleet можеби е најжешкиот нов бенд во целиот свет. Во предвечерието на објавувањето на нивниот деби албум “Химна на мирољубивата армија” (Anthem Of The Peaceful Army) музичкиот магазин Керанг направи интервју со овој музички квартет на карпите високо на Карпестите планини, за оживувањето рок ‘н ролот изграден на риф по риф и како е чувството да се биде на работ на славата…

По својот сензибилитет, артистички вредности, енергија и многу други препознатливи белеи кои ги носи со себе овој бенд, четворицата момчиња влијателни медиуми и музички критичари ги сврстуваат во можеби најдобриот бенд на денешницата. Иако се уште го немаат издадено својот прв музички албум, нивните ЕP изданија веќе ја брануваат светската рок сцена и стекнуваат идолопоклоници ширум светот.

Формирани се во 2012 година во сојузната фржава Мичиген, САД и бендот се состои од вокалот Josh Kiszka, гитаристот Jake Kiszka, басистот Sam Kiszka и бубњарот Danny Wagner

Нивниот деби сингл “Highway tune” се најде на врвот на  Billboard US Mainstream Rock и  Active Rock топ листите во септември 2017 година четири недели по ред.

Нивниот деби албум “Химна на мирољубивата армија” е закажан да биде издаден на 19-ти Октомври, а синглот “Кога завесите ќе се затворат” (When the Curtain Falls) беше објавен во јули оваа година.

Општо прифатено во јавноста за бендот е дека нивниот суров и тежок рок звук потсетува на звукот на Лед Цепелин иако самите членови на бендот за себе велат дека нивнот влијание потекнува од традиционални музичари од блуз, соул, фан и фолк музиката.

bregalnickimarketing

Во секој случај овој бенд е наш личен фаворит чиј што подем треба внимателно да се следи и секако на соодветен начин да се поддржи.

Нивните концерти во целост се продаваат за многу кратко време од објавувањето на датумот и местото на самиот концерт, досегашната нивна креативност е нешто што има сила и моќ да биде предводник на многу генерации сега и во иднина, во овие времиња на кои во огромна мера им недостига креација и иновативност, но и енергија и посветеност на она што претставува автентичен музички израз.

Креирано од:


Пренеси го гласот