Подружницата на Јавното Претпријатие Национални Шуми (поранешно Македонски Шуми) наместо расадник за нови садници за пошумување на опожарените површини кои што го опустошија Пијанечко-Малешевскиот регион пред 2 години, поседува расадник за домати, пипер, компир и други земјоделски производи.
Кои се причините за ваквата состојба во подружницата на ова јавно претпријатие останува нејасно во јавноста, како и одговорот на прашањето кој профитира од производството на зеленчук во ова јавно претпријатие?
Нашите информации говорат дека една од вработените на раководна позиција во делчевската подружница која е надлежна за расадникот во Делчево е поранешната пратеничка на СДСМ, Мира Стојчевска со чие знаење се случува производството на зеленчук а која што во минатото стана вирално позната во Македонската јавност по нејзината изјава за тоа дека цената на дизел горивата не ги погаѓа сиромашните затоа што немаат сопствени возила.
За ваквата состојба реагираа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево со своја реакција упатена преку социјалните мрежи во јавност, а чиј што текст го пренесуваме интегрално во продолжение:
“РАСАДНИКОТ ЗА ПРОИЗВЕДУВАЊЕ САДНИЦИ ЗА ПОШУМУВАЊЕ ВО ДЕЛЧЕВСКО НА ПОДРУЖНИЦАТА НА МАКЕДОНСКИ ШУМИ “ГОЛАК” ДЕЛЧЕВО Е ПРЕТВОРЕН ВО ГРАДИНА ЗА ПРОИЗВЕДУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУК ЗА ВИСОКИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ДЕЛЧЕВО
Од страна на укажувачи до нас како одговорна политичка партија стасаа информации и слики дека во услови кога во делчевско шумскиот фонд поради пожарите кои беснееја изминатите години е значително намален и опожарените места не се пошумуваат согласно потребите, местото кое што треба да биде наменето за производство на садници за идни пошумувања е претворено во градина за производство на зеленчук за високи партиски функционери на СДСМ Делчево
ОВА Е УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА РАСИПНИЧКИОТ И НЕСЕРИОЗЕН ПРИСТАП НА КАДРИТЕ НА СДСМ ДЕЛЧЕВО
Јавно ги прашуваме раководителот на подружницата МШ “Голак” Делчево и одговорната на расадникот за произведување на садници наменети за пошумување (и двајцата високи партиски функционери на СДСМ Делчево) дали го сметаат за правилно сето ова
Дали поради вашите полни торби на пиперки, компир и домати, опожарените места со години ќе чекаат да бидат повторно пошумени а делчевчани повторно да добијат чист воздух за дишење
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ НА ВЛАСТ ова расипништво во Република Македонија наскоро ќе заврши и ќе ИМА одговорност за секаков вид злоупотреба“
-стои во реакцијата упатена од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево преку фејсбук.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски