Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Херои од реалниот живот… Светот е полн со нив!

Пренеси го гласот

Еден од историски најневеројатните и подеднакво морбидни но и славни моменти е снимен на оваа фотографија.

Во 1922 година на Универзитетот во Торонто голем број на научници биле присутни во болничкиот оддел кој што бил полн со деца кои имале здравствена криза а некои умирале од дијабетесот кој што се имаше развиено во нивните тела.

Замислете ја грозоморната слика на простории полни со родители кои седат поокрај болничкиот кревет на своите деца и немоќни им преостанувало само да се молат на Бога.

Во тие моменти кога е фотографирана оваа фотографија, научниците кои биле присутни на кампусот оделе од кревет до кревет и на децата им давале нов пречистен екстракт на инсулин.

Кога на последното дете му ја дале неговата доза, првото дете што го добило инсулинот се разбудило од кома. Едно по едно сите деца се пробудиле од кома во која беа паднати по дијабетскиот шок. Просториите на смртта се претвориле во тој момент во простории на огромна радост и надеж. Благодарение на лекарите Бантинг и Бест, кои за ова свое откритие на инсулинот наредната година ја добиле Нобеловата награда за медицина одеднаш животот за овие деца станал реалност.

bregalnickimarketing

Пред да стане лекар кој со инсулин спасувал човечки животи, Бантинг бил лекар за време на Првата светска војна во канадската војска. Во битката кај Камбреја и покрај повредите кои ги добил, успеал да им помага на другите војници цели 16 часови се додека друг лекар не го заменил.

Бил награден во 1919 година за херојство.

Креирано од:


Пренеси го гласот