На синоќешниот протест пред платото на Владата на Република Македонија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот пркосен говор пред насобраните неколку илјади граѓани дојдени од цела Македонија упати повеќе пораки и низ редица аргументи ја разобличи Владата на Зоран Заев.
Во својот говор тој за зголемувањето на даноците кажа дека меѓу повеќето целни групи (пензионери, хонорарци, сопственици на заштеди, сопственици на имоти за издавање…), едни од најпогодените се ИТ инжинерите и компаниите кои вработуваат вакви високоспецијализирани кадри.
…Затоа што пазарот во ЕУ е големи потребата од такви луѓе е огромна. Тие веднаш ќе најдат работа. Но што губи Македонија?
Македонија губи економски оператори трајно и ги губи овие млади луѓе со нивните семејства за навек. Тоа е тоа што боли и што пече! Тоа е она што вие го лажевте македонскиот граѓанин. А си одат затоа што им ги зголемивте даноците. Ветувавте “Парите кај народот” а не само што парите не се кај народот туку парите се во владиниот буџет со зголемени даноци. Да тој буџет каде што се договараат тендери во четири очи. Тој буџет. За да можат, за да можат тие тендери во четири очи да им врват побрзо, тарифата е позната секој еден бизнисмен ја знае тарифата, од 5 до 15% и ја предава на познатото место, тоа е еден ресторан хотел во југоисточна Македонија, таму е тарифата од 5 до 15%.
Нив даноците не ги интересираат, а знаете зошто не ги интересираат, затоа што нив ги интересира само кешот и ништо друго. Криминалците ги интересира кешот, ништо повеќе. Затоа нив не ги интересираат даноците. Зошто ги зголемија даноците, па излегоа и велат парите од богатите на сиромашните, уште треба Робин Худ да ги наречеме, а забораваат да му кажат на земјоделецот дека сега персоналецот му е за 50% поголем. За оние кои што издаваат недвижнини данокот им е 100% поголем, за оние што се обложуваат и играат игри на среќа 50% поголем. За оние што сакаат да ја реинвестираат добивката 100% поголем, веќе нема ослободување од данок на реинвестирана добивка. Сите оние договорци на дело, 50% поголем данок. Тоа забораваат да го кажат, еве затоа сме ние тука да ги потсетиме.

Христијан Мицкоски ја потсети власта и за ветувањата за повратот на ДДВ-то:
Нема поврат на ДДВ, одлив на странски инвестиции, лаги и црнила во економијата во Република Македонија. Тоа ние се случува, но тоа нема да ви го заборави народот на следните предвремени избори , ќе ве победиме и нема да знаете што ве снашло, а потоа ќе одговарате за ова што го правите.
Еден од по главните аспекти во неговиот говор беше систематизираната и масовна неправда што ја практикува актуелната власт врз сопствениот народ:
Околу неправдите и околу судството, сакам да кажам две работи. Сестрата директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет, а тоа е археологијата, образованието и историјата. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања. Мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, епа шарени мои, епа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие. За вакви кланови да ви се инсталираат, мајката, ќерката, таткото, сестрата, такви ги има стотици и од протест на протест ќе ги спомнуваме. За тоа трчавте пред две години и затоа ги фарбавте улиците, да седите вие дома, а они да уживаат во привилегиите. Тоа е истиот СДСМ од времето на транзицијата кој што пљачкаше и хараше, тоа се тие истите луѓе.