По повод 19-ти Авгист- Светскиот ден на хуманоста, во Лозово се реализираше хуманитарна акција на членовите на подмладокот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ
Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението упатено до јавноста од страна на Бошко Цветковски кој што е Претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово:
Почитувани,
По повод 19-ти август, светскиот ден на хуманоста- на иницијатива на претседателката на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, Фросина Димитрова се спроведе хуманитарна Акција за помош на семејство на која и те како му е потребна…
Ми претставува особена чест и задоволство што сите структури на општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Лозово се вклучија активно и донираа помош во храна, облека, обувки, средства за лична хигиена и сл. без да поставуваат прашања ,коментари и срамни предрасуди какви што што прочитав на објава од таткото на општината…Можеби скромна помош, но дадена од срце…Денес УМС покажа кои се клучните разлики помегу ВМРО-ДПМНЕ и СДСбезМ..
Денес Умс ви одржа лекција како да бидете ЛУЃЕ и низ дела ви порача:
-Да го прегрнеш ближниот и пријателот во мигови на тага , да пружиш рака на оној кој му треба, да дадеш понада на гладниот, чаша вода на жедниот, да го помилуваш отфрлениот, да го охрабриш обесхрабрениот, да му вдахнеш тронка надеж на разочараниот, да го смириш гневниот, да го изведеш на прав пат изгубениот, да му помогнеш на сиромавиот, да дадеш дар на недаруваниот, да го подучиш неписмениот, да го просветлиш замаглениот, да му разјасниш на замислениот, да му го отвориш срцето и душата на секој оној кој бара од тебе помош и подршка е вистинска одлика на хуманиот.
Хуманоста не се кажува, туку се покажува и докажува, хуманоста не се импровизира, туку реално, искрено и од срце се практицира, хуманоста на дело се чествува.
Хуманоста не е одлика на луѓето сиромашни по дух, со гневно срце и замаглени мисли, хуманоста не е одлика на луѓе со бедна и мрачна душа, со круто срце и затворен ум, хуманоста е одлика на луѓето со широка и чиста душа, со отворено и вдахновено срце, со весели и јасни мисли и благороден и искрен ум.
Хуманоста е врвна вредност на пиедесталот на вредности и морални норми на оние луѓе кои искрено, недвосмислено и недвојбено умеат и сакаат да подадат рака на секому кому му е потребна.
Хуманоста е врвен приоритет на оние индивидуи кои чесно и возљубено даваат, без возврат и без резервно, на луѓе кои ги краси добрина, позитивност и правичност.
Хуманоста е специфика на големите луѓе, на оние кои без поштедно се даваат на ближниот, на пријателот, на добронамерникот, на оние на кои не им е потребно да им кажеш да помогнат туку самите чувствуваат и увидуваат и веднаш излегуваат во пресрет. Хуманоста ги краси великаните, алтруистите, космополитите, луѓето кои сочувствуваат со секој оној кој моли, бара и апелира за помош, луѓето кои искрено и без скрупули умеат да сакаат, да даваат, да помагаат и вистински да љубат.
Хуманоста е одлика на силните, на карактерните, на емотивните, на рационалните и само оние кои ја поседуваат и покажуваат може да се наречат луѓе во вистинска смисла на зборот и да го носат епитетот човек.
Хуманоста не е одлика на ефтини луѓе, бескарактерни, полтрони и мегафони, таа е одлика на скромни, искрени, морално и вредносно изградени добродетели…И за верниците…Блажени се сиромашните и добрите бидејќи нивно е царството небесно…
П.С. Можете уште утре, повторно да атакувате членови од моето семејство и мои блиски соработници, или да се заангажирате за помош на овие дечиња…Одлуката е ваша!! И без закани и глупи изговори!!
Со Почит,
Бошко Цветковски, Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Владимирци (беровско) физички се пресметувале, едниот користел стаклен предмет
Коцкарски маки во Пробиштип: Приведен 36 годишник за обид за напад со остар предмет врз полицаец
Истокот не се дава: Приведени три лица на подрачје на СВР Штип поради управување возило под дејство на алкохол