Денеска во јавноста многу често се споменуваше фондацијата “Заев- Едно општество за сите” која што ја формираше поранешниот премиер Зоран Заев.
Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница во Струмица.
Она што е забележително е колоритното лого на фондацијата кое што доколку се побара на интернет може да се забележи дека идејата за истото во голема мера е “позајмена” од друг автор