БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

И „пиењето нафта“ стана луксуз, граѓаните разочарани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ново поскапување на горивата. Од полноќ цената  на дизелот повторно ќе порасне , овој пат за еден денар. Литар ќе се продава за 59, 5 денари. Цената на бензинот од 98 октани се зголемува за  половина денар и ќе чини 68,5 денари за литар.  Новата цена на маслото за домаќинства изнесува 48 денари, а поскапува и мазутот. Единсветно ЕУРОСУПЕР  95 ќе се продава исто по цена од 66, 5 денари за литар.

Граѓаните реагираат на поскапувањето. Свесни се дека цените  се движат паралелно со оние на светските берзи но велат дека македонскиот стандард тоа не може да го издржи.

По нова година ова  е второ поскапување на дизелот а трето во последните 15 денови. Поради зголемувањето на акцизата за нафтата за 3,5 денари  на први јануари цената на дизел горивото порасна за исто толку. Претходно на крајот на декември регулаторна донесе одлука за негово поскапување за половина денар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За 26,5% или 12,5 денари во Македонија поскапи нафтата по доаѓањето на СДСМ на власт. На 1 јуни минатата година, кога Зоран Заев стана премиер, за литар дизел граѓаните на Македонија плаќаа 47 денари, а од вечерва на полноќ ќе плаќаат 59,5 денари.

Во истиот период, покрај нафтата поскапен е и бензинот, ЕУРОСУПЕР БС – 95, кој за време на владеењето на СДСМ се има покачено за 6,4% или 4 денари. Претходно, за литар 95-ка се плаќаше 66.5 денари, а сега цената е 62.5 по литар. Ист процент на зголемување има и кај ЕУРОСУПЕР БС – 98, кој претход доаѓањето на СДСМ на власт чинеше 64,5 денари за литар а сега е 68,5 денари за литар.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace