По вчерашната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан Мицкоски се враќа со впечаток дека власта пред меѓународната заедница создава погрешна слика за дејствувањето на македонската опозиција.

-Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и нашата страна, нашето гледиште на работите во Република Македонија, како ВМРО-ДПМНЕ делуваше, но и како ќе делува во иднина. ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, односно на целокупниот овој процес на промена на Уставот, со цел промена на името и идентитетот на државата се разбира. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротистави на овој процес, рече Мицкоски.